Одбележан празникот Богојавление – Водици

По повод празникот Богојавление – Водици, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на Затворениот градски базен каде се фрлаше светиот крст. На најсреќниот градоначалникот му посака многу здравје и успех и му врачи подарок од локалната самоуправа. Претходно на Градскиот кеј спортските риболивци го прославија празникот на водите, каде исто така присуствуваше градоначалникот Димитриевски. Денеска по повод големиот христијански празник Водици се одржа и традиционална манифестација „Пивтијада„.Настанот е во организација на Мултимедијален центар „Карпино„, а со подршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Со послужување на пивтии и предавање на кумството за наредната година, Мултимедијален центар „Карпино„,веќе по осумнаесети пат ја организира оваа манифестација.