Во организација на Центарот на североисточен плански регион,а со поддршка на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа во Куманово се одржа прва форумска сесија во рамките на програмата„Регионалниот форум во заедницата„.Целта на форумот е партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на политиките и одлуките на регионално ниво. Голем број на заинтересирани граѓани, граѓански организации, претставници од бизнис заедницата и од институциите од шестте општини од регион, се запознаа со форумскиот процес и критериумите за избор на проекти. Но, исто така ги утврдија регионалните проблеми, за кои дефинираа предлози за нивно решавање во рамките на четрите теми утврдени со грантовата шема: туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија. На оваа прва форумска сесија беа утврдени седум предлог решенија – концепти согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој,, и тоа:
Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);Концепт 2: Инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ ;Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет Спомен костурница ;Концепт 4: Изградба на пристапна инфраструктура -пешачки патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети, уредување со урбана опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);Концепт 5: Доградба на дополнителен сместувачки капацитет во регионалниот дом за стари лица во Куманово;Концепт 6: Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);Концепт 7: Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти во регионот согласно стратегијата на СИПР;
Втората форумска сесија ќе се одржи на 1-ви Март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово, а сите сесии ќе бидат спроведени до 15 март оваа година.