Во Дом на култура ,,Трајко Прокопиев” вечерва беше отворена изложбата на архитектонски проекти од предметот Селектирани теми од објекти за колективно домување-Прототип за градина за деца направено во Куманово. Изложбата е дело на студентите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” -Скопје, а ќе трае до седми март.
Изложбата ја отвори директорот на НУКЦ ,,Трајко Прокопиев” Сашо Тодоровски, а свое обраќање пред присутните имаа градоначалникот Максим Димитриевски,деканот на Архтектонски факултет професор доктор Огнен Марина и професор доктор Минас Бакалчев.