Акција за засадување на садници во населба „Гоце Делчев”

Во пресерет на денот на пролетта, денеска беше спроведена акција за засадување на 5.000 садници на локацијата Даштев рид во населба Гоце Делчев. Акцијата е организирана од страна на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Армијата на Република Македонија, Советот на Општина Куманово и ученици од сите средни училишта. Градоначалникот Максим Димитриевски, кој денеска се вклучи во акцијата апелираше до граѓаните да учествуваат во ваквите акции за пошумување на градот, бидејќи повеќе од јасно е дека еден од главните проблеми во делот на загадувањето и неквалитетен воздух е токму недостаток на нови зелени површини.