Градоначалникот Максим Димитриевски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за соживотот во Куманово, можната идна соработка во сферата на образованието и размента на ученици, како и разгледување на можноста за развој на индустриските зони со помош на потенцијални инвеститори од Велика Британија. Амбасадорката Галовеј истакна дека сака да се запознае со потребите и можностите за соработка на повеќе полиња меѓу кои и образованието и спортот.
Во рамките на посетата, амбасадорката заедно со градоначалникот Димитриевски го посетија средното училиште „Перо Наков“, градскиот базен и кејот. Ова беше прва посета на амбасадорката Галовеј на Куманово.