Денеска во Општина Куманово гости беа децата од Детско-младински фолклорен ансамбл „СРМА“. Градоначалникот Максим Димитриевски ја искористи средбата за да им се заблагодари за нивната посветеност и претставувањето на нашата култура и традиција преку ората и песните во целиот свет.
Ансамблот „СРМА“ има учествувано на многу фестивали на Балканот и во Европа, а со одличен успех се вратија и од Детскиот фестивал во Чорлу – Турција и настапот во Шведска.
Градоначалникот Димитриевски им поска успех во понатамошното претставување на македонскиот фолклор и им порача дека Општина Куманово и понатаму ќе продолжи да ги поддржува нивните учества на меѓународните фестивали.
Ансамблот работи во склоп на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.