Во уметничката галерија се одржа изложба во чест на нашиотсограѓанин Трајко Муфтински – првиот академски сликар и зоограф од Куманово. Изложбата е дел од одбележување на јубилејот 500 години и Куманово град на култура за 2019 година. Честта да ја отвори изложбата „100 години од творештвото на „Трајко Муфтински„ имаше секретарот на општина Куманово Десанка Стошевска.