Градоначалникот Максим Димитриевски на свечен прием по повод Ден на град Куманово ги пречека Борците од НОБ, поранешните градоначалници, началникот на СВР Куманово и полициските претставници, претставниците од АРМ, пензионираните воени и полициски старешини и воени ветерани и ТППЕ Куманово. Воедно, Претседателот на Советот на Општина Куманово – Атина Мургашанска оствари средба со поранешните претседатели на советот.