Вечерва во фоајето на НУЦК „Трајко Прокопиев“ беше отворена изложбата во чест на Драгомир Шојиќ насловена како „Човек – Оркестар“. Изложени беа околу 22 фотографии од Душко Доцевски, кои го отсликуваат животот и делото на музичарот. Во склоп на изложбата беше промовирана и монографијата „Тамбурата на Шојиќ“ која е дело на Јордан Т. Пачков.
Настанот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.