Денеска во просториите на Занаетчиски дом се одржа работилница за планирање на на одржлива урбана мобилност во рамките на проектот „Поддршка на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија во промоција на одржлива мобилност„. Истата се спроведе од страна на Зедниците на локланата самоуправа ЗЕЛС, во соработка со Германско друштво за меѓународен развој ГИЗ. Воведно обраќање на работилницата имаше градоначалникот Максим Димитриевски.
На работилницата, од страна доделениот експерт за планирање на одржлива урбана мобилност беше претставен концептот за планирање на одржлива урбана мобилност, а потоа засегнатите страни имаа можност да учествуваат заеднички во спроведување на GRID анализа, да ги дефинираат проблемите односно предизвиците во врска со урбаната мобилност, да изнесат предлози за заедничка долгорочна визија за одржлива урбана мобилност како и да дадат предлози за приоритетни мерки за подобрување на урбаната мобилност.
Планирањето на одржлива урбана мобилност претставува нов концепт за стратешко планирање на нов концепт за стратешко планирање на урбаниот транспорт во градовите кое е базирано на визија и со фокус на луѓе и места, а се применува заради подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, осигурување на пристапни транспортни опции за сите граѓани, осигурување на безбедност во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.