Делегација на општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски овој викенд присуствуваше на Изборното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мирот која е формирана под покровителство на ОН а во која Куманово е член од 2009 година. Покрај избор на нови членови на органите на асоцијацијата на форумот се донесе резолуција поврзана со бегалската криза и заштита на животната средина како причини за дестабилизација на мирот и безбедноста во регионов и светот. Куманово повторно е реизбрано да биде член на управниот одбор со мандат од четири години заедно со Волгоград (Русија), Ковентри (Велика Британија), Абуџан (Брегот на Слонова Коска), Крагујевац (Србија) , Морфо (Кипар), Пошоск (Полска),Словене Градец (Словенија) и Зуријек (Малта). Во рамки на посетата градоначалникот Димитриевски оствари и работна средба со градоначалникот на Сараево г-дин Абдулах Скака. Куманово беше домаќин на ваков настан во 2015 година.