“Општина Куманово, има потпишано договор за соработка со Архитектонски факултет “Андреја Дамјанов” – Скопје (УКИМ), и денеска започнаа со уште една соработка. Студентите од факултетот, под менторство на Проф.Др. Анета Христова-Поповска ќе изработуваат неколку идејни решенија за средно училиште, на две можни локации во градот, а изготвените решенија ќе бидат презентирани пред граѓаните на Куманово. Во самите решенија покрај објектот, проектната задача ќе биде да се опфати и поширокото опкружување и прилагодување на јавниот простор во функција на граѓаните. Пред присутните студенти се обрати и Градоначалникот на Општина Куманово г-дин Максим Димитриевски, кој им посака успешна работа и посочи дека иднината на градот е токму во нивни раце, кои како млади архитекти и уметници пред се, со авангардни идеји, но и почит кон минатото, треба да ја дадат визијата за урбнистичкиот развој на градот. Соработка се реализира преку Секторот за урбанизам од Општина Куманово, од каде како претставник се обрати Раководителот на Одделението за спроведување на урбанистичка документација Александар Гелевски, кој пред студентите ги изнесе основните податоци за развојот на градот, историјатот на урбанистичкото планирање и ги посочи позначајните објекти во градот од историски и архитектонски аспек, а на студентите им посака успех во изготвување на идејните решенија. Оваа година покрај јубилејот 500 години од постоењето на градот Куманово, Архитектонскиот факултет од Скопје, слави јубилеј 70 години од неговото формирање и непрекината работа.”