Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа Прес по повод 11 Октомври, Ден на народното востание, на кој се обратија Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и Директорот на Фондацијата за култура и спорт-Куманово, Нино Величковски.
Градоначалникот Димитриевски упати искрени честитки до сите граѓани за 11 Октомври, кој секоја година достоинствено го одбележуваме, преку бројни културни и спортски настани во Куманово. Преку медиумите ги покани граѓаните масовно да излезат на Спомен Костурница, за да сите заедно им оддадеме почит на паднатите борци за слобода и да го испочитуваме овој значаен датум од македонската историја.
Директорот на Фондацијата за култура и спорт Величковски информираше за сите културни и спортски настани, кои ќе се одржат, како неизоставен дел од предвидената програма за одбележување на 11 Октомври.
Од бројните празнични активности, беше упатена покана и за промоцијата на новата преработка на песната “Јовка Кумановка” на познатата македонска група Next time.