Се одржа првиот уличен фестивал “КуманиУм”

Мултикултурниот настан “КуманиУм” е дел од проектот “Култура за Куманово-Куманово за култура”, организиран од Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, Граѓански центар “АктивУм”-Куманово. Проектот се реализира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП, со поддршка на Општина Куманово, која кофинансира дел од средствата за проектот.

На првиот уличен фестивал учествуваа уметници, актери, спортисти, пејачи, карикатуристи, креативци, пензионери, кои како мајстори во својата фела, ја претставија традицијата, наследството и мултиетничкото живеење во Куманово. Интерес предизвикаа настапите на познати музички групи, фото работилници, како и бројните акробации и огненото жонглерско шоу.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината, Десанка Стошевска, присуствуваа на настанот.