ЈАВЕН ПОВИК за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово

Со цел подобрување на услугите кон граѓаните, Општина Куманово има потреба од инсталирање на безжични ПОС терминали со кои ќе се овозможи наплата на административна такса во нејзините простории.

Општина Куманово, со адреса на ул. „11-ти Октомври“ бб, телефон за контакт 031/475-800, електронска адреса javni-nabavki@kumanovo.gov.mk, има потреба од набавка на ПОС терминал за потребите на Општина Куманово за таа цела ги поканува сите заинтересирани деловни банки да поднесат понуда во согласност со правилата и барања од Јавникот повик кој е објавен во прилог заедно со Образецот за поднеусвање на понуда.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за најдоцна до 08.11.2019 во 12:00 часот (по локално време) преку писарница на Општина Куманово.

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово (Превземете ТУКА)

Однапред благодариме на соработката,
Со почит,
Општина Куманово“