Традиционално Фото Кино Клуб “Козјак” ја организираше најстарата Меѓународна изложба во Република Северна Македонија –“Фото Салон Куманово 2019”, во Уметничката галерија-Куманово.
Овој клуб по тринаесетти пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори, каде учесниците имаа можност да се претстават во пет категории: портрет, природа, слободна црно – бела, слободна колор и тема фотожурнализам.
Фото Кино Клуб “Козјак” и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот, а во последниве неколку години “Фото Салон” прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.
На Изложбата присуствуваа претставници од општина Куманово.