Пензионерите од срце за Куманово

По повод 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, Здружението на пензионери- Куманово одржа целовечерен концерт, насловен “Куманово во срцето”. На концертот се претставија: членовите на хорот, фолклорната група, актерската екипа со делови од “Ленче Кумановче”, како и гостите од Лесковац, Република Србија. Многубројната публика имаше можност да го проследи и читањето на првонаградената творба, посветена на Куманово, од објавениот Конкурс на пензионерите од нашиот град.

На настанот присуствуваше делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината, Десанка Стошевска.