Како значаен настан од бројните активности, кои се одржаа во рамките на одбележувањето на овогодинешниот Јубилеј 500 години од постоењето на Куманово, беше потпишан Договор за збратимување помеѓу Куманово и Нови Сад, со цел успешна понатамошна соработка во различни сфери од општествениот живот на двете општини. Договорот за збратимување го потпишаа Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Свечениот чин на потпишување на Договорот за збратимување, беше одлична можност Градоначалникот Димитриевски да ги поздрави и сите присутни членови на бројните делегации, кои пристигнаа во Куманово по повод 11 Ноември, Празникот на нашиот град.