Градоначалникот Максим Димитриевски денеска доби благодарница од страна на компанијата Certiadria за успеешна соработка во делот на обезбедување на повеќе од 100-тина MOS( Microsoft Office Specialist) сертификати на деца од средношколска возраст.Општина Куманово го подржа овој проект, а нашите средношколци успешно котираа на високи места на националниот МОС натпревар. На состанокот се разговараше за нови проекти (обуки) во делот на подигање на нивото на дигиталната писменост на администрацијата и вработените во училиштата во општина Куманово.