https://youtu.be/1O6SlIVpWacДелегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Десанка Стошевска традиционално денеска беа на Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница Куманово, во посета на првороденото бебе во Новата 2020 година.
Се роди женско бебе, во 01:35 часот.
Со искрени честитки за здравје и среќа, на среќната мајка и бебето им беа доделени пригодни подароци.