Одржан работен состанок на Локалниот совет за превенција

Градоначалникот на Општина  Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на работниот состанок на тема “Запознавање на општествените чинители со Акцискиот план за превенција и спречување на насилен екстремизам”, во организација на Локален совет за превенција, Општина Куманово, Отсекот за превенција при СВР Куманово и Мрежата на силни градови.

Во своето обраќање Димитриевски истакна дека секое вложување во воспитно-образовниот процес се враќа многукратно, со цел  зачувување на безбедноста во заедницата.

Присутните беа запознаени со стратешките цели и активности од планот, кои во наредниот период ќе се реализираат. Се промовираше локалниот Акциски план за превенција и спречување на насилен екстремизам, а воедно беше спроведена и првата стратешка цел од планот.