Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум. Целта на посетата е запознавање со работата на Општина Куманово, надлежностите на органите на единиците на локалната самоуправа, како и начините на кои младите можат да се обратат до истите. Здружението „Младински образовен форум„ работи на полето на неформално образование, човекови права и слободи, креирање на младински и образовни политики, поттикнување толеранција и почит кон туѓите идеи и промовирање на критичка мисла. Во Куманово, Учиме право програмата се спроведува во МОФ центар Куманово кој функционира во соработка со здружението Центар за интеркултурен дијалог.