Трибина за дигитализација на јавни услуги во Куманово

Денеска во Занаетчискиот дом се одржа третата по ред од серијата јавни трибини за дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

На предвидената тема зборуваше Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација кој даде свои видувања за самиот процес на дигитализација на услуги со акцент на националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk кој во целост го изработи МИОА. На трибината се обрати и Градоначалникот на Општина Куманово, кој зборуваше за  дигитализација на услуги на локално ниво, односно интеграција на услуги кои локалната самоуправа ги нуди за граѓаните кон порталот uslugi.gov.mk. Од денеска граѓаните ќе можат да се информираат за порталот uslugi.gov.mk. секој работен ден во просториите на општина Куманово (канцеларија на архива).