ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 14.04.2020 година (вторник)

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
 Бараме од Влада на РСМ за издвојување на Општина Куманово и нејзината
територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за
севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна
изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од петок, 17.04.2020, и
ќе трае до понеделник, 04.05.2020 година, со почитување на досегашните
донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно
дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина
Куманово.

Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:

1. Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во
институциите и стопанството.

2. Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со
дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на
територијата на Општина Куманово.

3. Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените
подрачја во градот, задолжителни за влез и излез на подрачјето на
Општина Куманово.

4. Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби
на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата
против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.

5. Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до
домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на
трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од
ОШЗС.

6. Разработување на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за
земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено
вршење на активности во период на карантин.

7. Обезбедување на дополнителни човечки ресурси во здравството за
непречено функционирање на Општа болница – Куманово.

8. Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со
дополнителни човечки ресурси, како одговор на потребите, во зависност
од епидемиолошката состојба.

9. Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на
домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.

10. Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на
граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително
носење маски и ракавици за сите лица на отворен простор.

11. Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно
следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош
на социјално најранливи семејства во градот со континуирано
снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во
периодот на карантин

12. Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на
континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во
процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во
ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.

 Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ-
Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисeви на
територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно
благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни
резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови
коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со
што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина
Куманово.

 Апел до Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини
организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС,
да диструбуираат дополнителна помош за граѓаните на Општина
Куманово за време на карантинот.