Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа споделени сите информации за фактичката состојба помеѓу членови на штабот и Премиерот на РСМ, Оливер Спасовски, вицепремиерот, Бујар Османи, Министерот за здраство, Венко Филипче, Министерот за образование, Арбер Адеми и претседателот на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџовски.
Врз основа на епидемиолошките мислења и реалната состтојба на теренот, ОШЗС ги донесе следниве заклучоци:
- Бараме од Комисија за заразни болести до ОШЗС и ВРСМ да достави епидемиолошка проценка на состојбата со COVID 19 на територија на Општина Куманово и се произнесе дали досегашните превземени мерки од страна на истата се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.
- Бараме од Комисијата за заразни болести писмено да се произнесе до ОШЗС дали да се продолжи со епидемиолошката мерка – дезинфекција, со оглед на сугестиите од страна на професорот Жарко Караџовски дека таа во овој момент е безпредметна и непотребна активност превземена од страна на ОШЗС Куманово.
- Бараме од Влада на РСМ да ја издвои Општина Куманово и нејзината територија од рамката на општите мерки на Влада на РСМ, кои важат за севкупната територија на РСМ, со дополнителна 14-дневна, 24-часовна изолација (карантин во посебни услови) кој ќе важи од 21.04.2020, и ќе трае до 04.05.2020 година, со почитување на досегашните донесени мерки од Влада на РСМ, како и дополнителни претходно јасно дефинирани постапки во ваква ситуација од страна на ОШЗС на Општина Куманово.
Под посебни мерки коишто треба да важат во овие услови се:
- Дозволи за движење на лица коишто се професионално ангажирани во институциите и стопанството.
- Пунктови за контролирање на влез и излез во и вон градот, со дополнителна дезинфекција на возила и патници кои влегуваат на територијата на Општина Куманово.
- Превентивни епидемиолошки мерки за дезинфекција на зафатените подрачја во градот.
- Обезбедување на транспорт со намирници, енергетски и други потреби на Општина Куманово и институциите кои се вклучени во дејствијата против епидемијата со COVID-19 на територијата на Општина Куманово.
- Непречено обезбедување на амбулантна достава на храна до домаќинствата, во период на карантин и вклучување на поголем број на трговски оператори во постапката со претходно издадена дозвола од ОШЗС.
- Операционализирање на Одлуката на Владата на РСМ за мерки за земјоделците и сточарите и други стопански субјекти за непречено вршење на активности во период на карантин.
- Обезбедување на дополнителни човечки ресурси (стручен кадар) во здравството за непречено функционирање на Општа болница – Куманово.
- Зајакнување на капацитетите на епидемиолошката служба со дополнителни човечки ресурси (стручен кадар), како одговор на потребите, во зависност од епидемиолошката состојба.
- Дефинирање на начин и постапка на одлагање на комунален отпад на домаќинствата во кои има позитивни случаи на COVID-19.
- Обезбедување на дополнителни количини на лична заштитна опрема на граѓаните на Општина Куманово и воведување мерка за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен простор.
- Вклучување на Меѓуопштински центар за социјални работи за активно следење на состојбата на лица со посебни потреби и укажување помош на социјално најранливи семејства во градот со континуирано снабдување со храна, средства за хигиена и заштитна опрема во периодот на посебни услови.
- Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин.
- Во период на прогласена состојба во посебни услови, Црвен крст на РСМ и други хуманитарни и невладини организации и здруженија кои се во соработка и координација со ОШЗС, да диструбуираат хуманитарна помош, средства за одржување на хигиена и дезинфекција за граѓаните на Општина Куманово.
ОШЗС доставува предлог протоколи за движење низ градот на следниве категории граѓани.
Прва категорија – вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции и друго, предлагаме:
- Оваа категорија на граѓани вработени лица ќе се движат исклучително со предходно издадени дозволи од МИОА преку нивните организации и институции дополнително и исклучиво, согласно динамиката на предходно утврдено работно време од нивна страна во склад со предходните одлуки на ВРСМ. Доколку имаат потреба од превоз од работно место, а истите не се возачи, со оглед на фактот дека јавниот превоз е укинат, нивните оирганизации се должни да изготват список на лица и возила кои ќе ги превезуваат согласно предходно утврдена работна динамикаи истите ги доставуваат до ОШЦЗ на увид и одобрување, а ОШЦЗ во соодветна времена постапка ги достави до МВР, СВР на запознавање и понатамошна постапка.
- Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехрамбени производи, здраствена помош како и потреба предизвикана од други природи ( смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности и др.)
Предлагаме снабдување со прехрамбени производи да се одвива на два начина и тоа, on-line набавка која ќе им биде достапна и организирана дистрибуција од страна на трговски фирми ои ќе ги опслужуваат, на располагање им се става дополнителни тимови формирани од ОШЗС и Општински Црвен крст со бесплатна достава, по нарачка од страна на граѓаните по предходно изготвени каталози со точно утврдени цени достапни до секој граѓанин.
Втор начин со слободна и контролирана лична набавка на еден член на секое семејство во јасно и прецизно дефинирано време од 07 -15 часот во текот на денот на локација на дисконти – маалски дуќани не подалеку од 200 м од адресата на живеење, со исклучок на улици каде што нема такви трговски објекти. Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки. Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до ОШЗС и по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.
- Движење на други категории на граѓани на кои работата им е поврзана со егзистенција (земјоделци, сточари, пчелари, лица со посебни потреби и нивни придружувачи и др. )
Операционализирање на постоечките мерки со јасно постапување кон потребите на овие категории на граѓани ќе се врши согласно досегашните препораки и одлуки на ВРСМ, во координација со ОШЗС Куманово.
Општина Куманово
Градоначалник,
____________________
Максим Димитриевски