Амбасадорот на СР Германија во посета на општина Куманово

Денеска во прва официјална посета на општина Куманово беше Н.Е. Амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн. На средбата Градоначалникот Димитриевски ја претстави нашата општина и разговараа за можно продлабочување на  соработката во повеќе области и имплементација на заеднички проекти.  По средбата се упатија во Градската болница каде од страна на Амбасадата на СР Германија беше донирана опрема за потребите на болницата.