Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2017 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 10/17) Општина Kуманово објавува:

 

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ОПШТИНА КУМАНОВО

За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Kритериумите за учество се следни:

 

  1. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
  2. Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
  3. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други.
  4. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот и техничките услови за изработка треба да бидат текстуално образложени
  5. Краен рок за доставување на трудовите е 22 Декември (петок) 2017 до 15:00h;
  6. Наградата за “Сувенир на oпштина Куманово” е една и изнесува 30.000,00 денари без ДДВ;
  7. Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово;
  8. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” со назнака во горниот лев агол- “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да ги содржи следните елементи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, телефон, е-маил и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
  9. За избор на “Сувенир на општина Куманово”, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.
  10. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
  11. Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
  12. Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон 031-414-375 (лок. 119 или лок.120) , секој работен ден од 08:00 –  16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. Братство и Единство бр.20 (зграда на поранешен Козјак) прв кат, канцеларија 9 и 10 (Одделение за стратешко планирање и ЛЕР) .

 

Општина Куманово

Комисија за избор на сувенир на општина Куманово