Денеска во Куманово се одржа Саем за вработување и кариера во рамките на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”, во меѓусебна соработка на Општина Куманово, Хабитат Македонија и Дром.
Саемот за вработување и кариера беше организиран во два дела. Во првиот дел се одржа панел дискусија со претставници од Агенцијата за вработување, Ромскиот информативен центар и Општината Куманово додека вториот дел беше интерактивен со преставување на локални фирми и компании и катче за кариерен развој за сите заинтересирани посетители. По завршување на настанот, Градоначаликот Димитриевски одржа работна средба со извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костовски.
[one_half][youtube https://youtu.be/OOhYJM9KUWY&w=260&h=300]][/one_half][one_half_last]
[/one_half_last]