Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово врши мапирање на самохрани родители и тоа:
-самохран родител на дете чиешто татковство не е признаено и
-самохран родител на дете со еден починат родител.
Согласно тоа, ги повикуваме граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општина Куманово (зграда на катастар) во соба бр. 2(два).