По одлуката на Регулаторната комисија да се зголеми цената на суровата вода за четири денари по кубик, градоначалникот Максим Димитриевски изјави :
„Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода, цените на рекулаторната комисија се нереални,неиздржани и несоодветни.
Водостопанство ни должи премногу, време е да ни го врати нашетo”.
Со новите цени граѓаните би требало да плаќаат по 47,35 денари за кубик вода за домаќинствата, односно 55,54 денари за претпријатијата.
Исто така и од Јавното претпријатие „Водовод“ се незадоволно од ваквата одлука и најавуваат тужба пред Уставниот суд против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.