По повод 270 години од ослободување на Градот Нови Сад (Србија), делегација од општина Куманово, составена од Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска и раководителот на Сектор за Евроинтеграции во општина Куманово Горан Митевски, присуствуваа на свечениот прием кај Градоначалникот на Нови Сад – Милош Вучевиќ.
Градоначалникот Максим Димитриевски изрази благодарност за поканата и пријатниот пречек, а во име на граѓаните на Куманово им го честита празникот на жителите на Нови Сад.
Во рамките на посетата беше организирана и средба помеѓу Градоначалникот на Марибор Др.Андреј Фиштравец, Градоналникот Димитриевски и Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ. На средбата се разговарало за реализација на идни заеднички проекти.