Одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Известување

од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 11.03.2020 год.

Поради новонастанатата ситуација и појава на случаи на корона вирус во Република Северна Македонија, а во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), на состанокот на општинскиот штаб за заштита и спасување, кој се одржа денеска во просториите на Општина Куманово и на кој присуствуваа претставниците на општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции и јавни претпријатија, беа донесени следните препораки и закучоци:

  • Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Седницата на Влада на Република Северна Македонија, одржана на 10 март 2020 година, како и сите понатамошни донесени препораки.
  • Се дава препорака јавниот градски превоз да се редуцира и да биде идентичен со возниот ред, кој важи за време на зимскиот односно летниот распуст.
  • Во наредниот период за време на отсуство на децата од училиштата и градинките ќе се направат напори да биде извршена дезинфекција на просториите во основни и средни училишта, како и градинките.
  • Да се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болеси при МЗ и Влада на Република Северна Македонија, а доколку се појават симптоми телефон за контакт е ЦЈЗ Куманово 070215851, како и на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

 

ЗАКЛУЧОЦИ НА ВЛАДАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

ЗАКЛУЧОЦИ НА ВЛАДАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Заклучоци на Владата за преземање мерки за превенција од ширење на корона вирусот Владата на Република Северна Македонија на 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци (превземете ТУКА)

Градоначалникот на Елин Пелин во посета на Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Елин Пелин, Република Бугарија Ивајло Симеонов, ко е и претседател на Здружението на општини во Бугарија. Целта на средбата беше можната соработка помеѓу двете општини и унапредување на заемните односи на поле на културата, спортот и економијата.

Одржан семинар „Стратегиски комуникации и дигитализација на јавната администарција“

 Претставници на Секторот за урбанизам од Општина Куманово учествуваа и добија сертификати на семинар на тема „Стратегиски комуникации и дигитализација на јавната администарција“организиран од страна на Центар за научна размена и едукација во Скопје. Семинарот има за цел да им помогне на државните, локалните и јавните институции како полесно и навремено да дадат услуги и да претставуваат ефикасен сервис за граѓаните. Современиот начин на комуникација, дигитализација и модернизација на технологијата треба да се користи во служба на поедноставување на алатките со кои граѓанте брзо и едноставно ќе пристапува до податоците и информациите со кои располагаат институциите. Општина Куманово за оваа година има предвидено средства во буџетот за воведување на Географски информационен систем (ГИС) со кој се планира целосно дигитализирање на урбанистичко-планската документација со која располага Општината. На тој начин се планира да се олесни и забрза процесот со кој граѓаните ќе доаѓаат до податците за урбанистичките планови и непосредно да го олесни процесот за добивање на одобрение за градење.“

Презентирана Програмата ROMACTED

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со проектен менаџер на програмата ROMACTED Маркос Андраде, проектни раководители и претставници на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите “Сонце” од Тетово, претставници од општинската администрација и советот.

Целта на оваа средба беше презентирање на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, ROMACTED “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”.

Општина Куманово е една од дванаесетте општини во Република Северна Македонија, каде ќе се спроведува оваа Програма.

На состанокот се разговараше и  за актуелната состојба на Ромите во општината, проблемите со кои се соочуваат и можности за нивно решавање.

 

Српската Амбасадорка во посета на Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претставници на Секторот за образование денеска остварија средба со Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија Душанка Дивјак-Томиќ и претставници од Министерството за образование на Република Србија. Целта на денешната посета се можните реформи во училишта каде има ученици од српската етничка заедница. Градоначалникот Димитриевски истакна дека Куманово е мултиетничка средина и дека  Секторите за образование од двете страни,  ќе формираат заедничко работно тело, кое ќе врши анкетирање на учениците за можно воведување на билингвални паралелки во училишта во градот.

Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски

Денеска во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, за обезбедување финансиски средства, наменети за финансирање на општински проекти за следните четири години.

Целта на овој  проект е подобрување на локалната патна мрежа во урбани и рурални средини, преку изградба и санација на патишта и улици во општините на државата.

 

Бугарско-македонски бизнис форум Куманово 2020

Денеска во Занаетчискиот дом се одржа Бугарско-македонски бизнис форум Куманово 2020, под мотото “Заедно можеме повеќе”. Настанот е во организација на Здружението Обединети бизнис клубови и Општина Куманово, а со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија. На настанот присуствуваа и свое обраќање имаа Градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, Министер без ресор во влада на РСМ г-ѓа Зорица Апостолска и Амбасадор на Република Бугарија во РСМ Ангел Ангелов. Целта на форумот беше потенцирање на можностите за воспоставување на партнерства и деловни односи меѓу стопанските субјекти од двете страни.

Промовиран проектот “Пливај и уживај”

Денеска на Градскиот затворен базен се одржа промоција на проектот “Пливај и уживај” преку Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање за учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово за 2020 година.

Во рамките на проектот, кој е во организација на Општински сојуз на училишен спорт и Сектор за образование при Општина Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општината, се одржа отворен час по пливање.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски присуствуваше на настанот.

Градоначалникот Димитриевски и Претседателот Пендаровски во посета на ООУ “Толи Зордумис”  

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски го посетија ООУ “Толи Зордумис”. Во ова училиште преку проектот Нансен модел за интеркултурно образование се одвиваат воннаставни активности, кои ги интегрираат учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно – образовен процес.

Целта на овој проект е еднакво општество за сите без јазични бариери.