Работна средба со “Excelor Holding Group” во Свети Николе

Во Општина Свети Николе денеска се одржа прва работна средба со компанијата “Excelor Holding Group” од Република Бугарија, која е избрана за најповолен понудувач за набавка и достава на опремата за собирање и транспорт на комунален отпад во осумнаесет општини од Североисточниот и Источниот плански регион и Општина Свети Николе.

На средбата присуствуваше Амбасадорот на Европската делегација во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска.

 

Ден на I-от пешадиски баталјон во “Боро Менков”

Денеска се одбележа 26 февруари, Денот на I-от пешадиски баталјон во касарната “Боро Менков”-Куманово.

Во предвидената програма за одбележување на овој датум, покрај пригодните обраќања, беше пречекано военото знаме, прогласен најдобриот вод и одржано свечено дефиле на единиците. Претставници од општинската администрација беа присутни на настанот.

76-годишнина од формирањето на III-та МУБ

Во организација на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи-Куманово, денеска се одбележа 76-годишнината од формирањето на III-та Македонска ударна бригада.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Десанка Стошевска положи свежо цвеќе пред Спомен плочата во училишниот двор во село Жегљане.

Бугарско-македонски бизнис форум Куманово 2020

Денеска се одржа прес конференција за Бугарско-македонски бизнис форум Куманово 2020, кој ќе се одржи на 28.02.2020 година (петок) во Занаетчиски дом-Куманово, со почеток во 10:00 часот. Се обрати Веселин Халачев, претседател на ОБК и член на Одборот на директори на Европската алијанса на мали и средни претпријатија. На прес конференцијата се потенцираа можностите за воспоставување на партнерства и деловни односи меѓу стопанските субјекти на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Средба со претставници на ЦИД

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска се сретна со претставници од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово.

Целта на средбата беше проектот “Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници”, во чии рамки е формирана младинска група “Младински повик”, како поттик за млади ментори и ширење на демократски вредности меѓу врсниците.

Во разговорот Градоначалникот ги потенцираше активностите и мерките кои ги превзема општината за секојдневно функционирање на лицата со попреченост.

Работна средба на Комисијата за односи меѓу заедниците

Денеска се одржа тркалезна маса на тема “Надминување на паралелниот мултикултурализам и создавање на интеркултурна општина во насока на промоција на општествените вредности и важности од соживот”. Истата е во организација на Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општина Куманово.

На средбата беше претставена првата активност од повеќето предвидени во Програмата на КОМЗ за 2020 година.

Свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Совет на општината, Атина Мургашанска.

49 години постоење на Пчларското здружение Пчела-Куманово

Денеска Пчеларското здружение Пчела-Куманово одржа настан по повод 49 години од своето постоење. Беа присутни поголем број на пчелари од Куманово и регионот, како и експерти во оваа област од државата и надвор од неа.

Целта на овој настан е надоградување на знаењето од областа на пчеларството и размена на искуства.

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски беше дел од овој настан и имаше свое обраќање.

Средба со претставници на чевларската индустрија  

Денеска во организација на Општина Куманово,  Локален економско-социјален совет и Одделение за локален економски развој, се одржа состанок со претставници на чевларските компании од нашиот град.  Целтта на средбата беше разгледување на актуелната состојба во чевларската индустрија во Куманово и изнаоѓање на можни и реални насоки и решенија.

На средбата присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој ја поздрави иницијативата за одржување на ваков состанок, како и предлогот за формирање на Комисија, составена од претставници од чевларска индустрија, која ќе биде дел од ЛЕСС.

Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување-Куманово го презентираше оперативниот план со активна програма, мерки за вработување и услуги на пазар на труд за 2020 година.

Потпишани Договори за соработка на ЈП “Куманово план”-Куманово

Денеска ЈП “Куманово план” потпиша Договори за соработка со Архитектонскиот, Градежниот факултет и ИЗИИС при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје. На потпишувањето присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски. Со овие договори се овозможува продлабочување на соработка во областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото и заштита на културното наследство.

Одбележан празникот Св.Трифун

Во ССОУ “Киро Бурназ”-Куманово денеска традиционално беше одбележан празникот Св.Трифун, со закројување на лозје и пригодна програма за оваа прилика. На настанот присуствуваа Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски,  претседателот на Совет на општината, претставници на општинската администрација, советници, наставници и уеници. Градоначалникот пред присутните го честита празникот, посакувајќи и понатаму да се негува оваа традиција.