Во рамките на работната посета на Република Северна Македонија на директорот на Управата за дијаспора Предраг Митровиќ заедно со Амбасадорот на Црна Гора во Република С.Македонија Марија Петровиќ, денеска во кружната сала на Зградата на поранешни општестествено-политички организации-Комитет се одржа работна средба со претставниците на црногорската заедница од Куманово. Целта е вмрежување и поврзување со припадниците на оваа заедница од нашиот град.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски присуствуваше на средбата.
Работна средба на претставници од општините Куманово и Тетово
Денеска во Тетово се одржа Работна средба за размена на најдобри практики меѓу претставниците на општините Куманово и Тетово, со цел развивање на ефективни активности во поглед на превенција и спречување на насилен екстремизам во нивните региони. Средбата е во организација на Невладината организација “Nexus Civil concept”-Скопје и Меѓународниот републикански институт ”Iri”-Сараево.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски имаше свое обраќање, во кое истакна дека Локалниот совет за превенција од нашиот град претставува позитивен пример за тоа како се работи во една заедница. Тој го потенцираше воспитно-образовниот процес, кој бара внимание, лоцирање на потенцијалните проблеми и нивно решавање.
Беа презентирани Добри практики и досегашни активности на Локалниот совет за превенција-Куманово, како и улогата на општина Куманово и соработката со локалните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните организации како важен фактор за безбедност и заштита на граѓаните.
Работна средба на Градоначалникот Димитриевски со претставници на Општина Гњилане
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа работна средба на делегации од општините Куманово и Гњилане, предводени од Градоначалниците Максим Димитриевски и Љутфи Азири.
Целта на оваа средба се потпишаните договори во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Р.Северна Македонија. Потпишани се договори за два проекти: „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“, кој ќе се имплементира во партнерство на општините Гњилане и Куманово и „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“, помеѓу Регионалната компанија за снабдување со вода “Хидроморава” – Гњилане и ЈП “Водовод”- Куманово.
Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека проектите ќе придонесат за јакнење на прекуграничната соработка и подобри услови за живот на граѓаните од регионот, им посака успешна работа на тимовите на проектите и уште можности за нови проекти.
Одржан работен состанок на Локалниот совет за превенција
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска присуствуваше на работниот состанок на тема “Запознавање на општествените чинители со Акцискиот план за превенција и спречување на насилен екстремизам”, во организација на Локален совет за превенција, Општина Куманово, Отсекот за превенција при СВР Куманово и Мрежата на силни градови.
Во своето обраќање Димитриевски истакна дека секое вложување во воспитно-образовниот процес се враќа многукратно, со цел зачувување на безбедноста во заедницата.
Присутните беа запознаени со стратешките цели и активности од планот, кои во наредниот период ќе се реализираат. Се промовираше локалниот Акциски план за превенција и спречување на насилен екстремизам, а воедно беше спроведена и првата стратешка цел од планот.
Усвоена Програмата за локален економски развој за 2020 гoдина
Целосната програма можете да ја видите на следниов ЛИНК.
Започна второто полугодие во учебната 2019/2020 година
Изјава на Жика Крстевски, Раководител на Сектор за образование при општина Куманово во врска со започнувањето на второто полугодие во учебната 2019/2020 година.
Започна со работа лизгалиштето пред градските базени
Традиционално фрлање на светиот крст
На Затворениот градски базен денеска се одржа фрлање на светиот крст, по повод празникот Богојавление-Водици.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, заедно со претстедателот на Советот, присуствуваше на настанот и на најсреќниот му посака здравје, среќа и успех, врачувајќи му и подарок. Настанот е во организација на пливачките клубови “Аква“, “Немо“, “Делфин“, “Тумба 2018” и “Тумба“.
ЗРС “Пчиња” го одбележа празникот Богојавление – Водици
Здружението на спортски риболовци “Пчиња”-Куманово денеска на градскиот кеј го одбележа празникот Богојавление – Водици. На настанот присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и Претседателот на Совет Атина Мургашанска.
Се одржа “Пивтијада 2020”
Во чест на верскиот празник Богојавление-Водици, по 19-ти пат денеска се одржа манифестацијата “Пивтијада 2020”. Манифестација е во организација на Мултимедијалниот центар “Карпино”-Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.