Поделени новогодишни пакетчиња
- декември 25, 2019
- За Наше Куманово
- Објави
- Comments are Closed
- 0
Општина Куманово и Здружението на чевлари Куманово традиционално организираа манифестација за прослава на Св.Спиридон-заштитник на чевларите, која се одржа во ресторан Грација.
Градоначалникот Максим Димитриевски се обрати пред присутните, истакнувајќи ја важноста на оваа индустриска гранка за нашиот град, која создава квалификувани и обучени кадри.
Манифестацијата беше проследена со богата културно-уметничка програма.
Вчера во Занаетчискиот дом беше промовиран музичкиот проект „Кумановци за Куманово“. Настанот е во организација на Асоцијација за култура и уметност „Мулти Арт“, со помош на Фондација за култура и спорт Куманово и Секторот за култура при Општина Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општината.
Десет народни кумановски песни , типични за кумановскиот менталитет, традиција и поднебје, преработени се од страна на познати кумановски музичари, препејани од кумановски музички имиња, а во придружба на поголем број професионални музичари од градот.
Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот на општината, кој имаше свое обраќање, беше присутна на настанот.
Денеска традиционално Општина Куманово ги прогласи најдобриот полицаец и најдобриот пожарникар за 2019 година.
За најдобар полицаец беше прогласен Горан Величковски, полициски службеник од ПС од ОН Куманово, а најдобар пожарникар е Розе Спасовски, пожарникар-спасител-возач на специјално возило.
Наградите ги врачи Градоначалникот Максим Димитриевски, кој им се заблагодари на двете институции за натчовечките напори во служба на граѓаните. Честитајќи им на најдобрите, потенцираше дека се пример за своите колеги, како мотивација за бележење високи резултати.
Во рамките на бројните новогодишни активности, вечерва во Занаетчискиот дом Куманово се одржа “Новогодишен Денс Фест 2019”. Настанот е во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, со поддршка на Министерството за култура, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
За сите љубители на модерниот балет учествуваа членовите на Денс студијата: “Ултра”, “Мак”, “Виртус”, “Fusion” и Танцов-спортски клуб “Динамик”.
Градоначалникот Димитриевски имаше свое обраќање, а изненадување на настанот беше пристигнувањето на Дедо Мраз за сите присутни дечиња.
По повод Новогодишните празници, Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска додели новогодишни пакетчиња на лица со интелектуална попреченост во Здружението Порака Наша и Дневниот центар, како и на децата од Здружението на глуви и наглуви Куманово.
Ова е традиционална посета на Градоначалникот на општината, на огромна радост на корисниците, кои секојдневно се дел од споменатите центри.
Денеска во Општина Куманово беше потпишан Меморандум за соработка со Европската банка за обнова и развој, во однос на зелените градови на ЕБРД. Потписници на Меморандумот беа Градоначалникот на општината Димитриевски и Сузан Горансон, директор – раководител на Infra Europe, SIG. Целта на овој Меморандум е да се развие соработка помеѓу двете страни во насока на идентификување на приоритети и предизвиците во решавање на проблеми поврзани со животната средина преку одржливи инвестиции во инфраструктурата. Општина Куманово е втора општина во државата која има потпишано ваков Меморандум за соработка со ЕБРД.
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на претставување на проектот “Инклузивни паметни училници”, во ООУ”Крсте Мисирков”. Со овој проект поставени се паметни екрани во 46 училници, каде настава посетуваат над 2000 ученици, со цел развивање на вештини за креативно размислување, преку користење на паметни екрани со едукативни апликации збогатени со 3Д реалност. Исто така со овој проект се интегрираат и четириесет ученици со посебни образовни потреби во редовната настава, преку можност за пристап до секоја инклузивна паметна училница.Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа, имплементиран од Центарот за развој на Североисточниот плански регион во соработка со ООУ”Крсте Мисирков“-Куманово и општината.