Прогласени најдобрите спортисти за 2019 година

Вечерва во Занаетчискиот дом Куманово се одржа најзначајната спортска манифестација “Избор на најдобри спортисти за 2019 година”, во организација на Општински сојуз на спортови Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Беа доделени дипломи, пехари, признанија и благодарници на најдобрите спортисти, тренери, спортски клуб и спортски работници од општина Куманово за 2019 година. Во рамките на оваа спортска манифестација присутните имаа можност да го проследат и документарниот филм за Женскиот ракометен клуб Куманово на авторот Марјан Стошевски, кој оваа година одбележува 90 години од постоењето.

Градоначалникот на општината Димитриевски имаше свое обраќање и додели награди на најдобрите спортисти за оваа година:

-Емил Цветанов- Велосипедски клуб “Kross sajkling”, велосипедист

-Стефан Кимевски- МРК “Куманово”, ракометар голман

-Никола Петрушевски- Клуб за бразилска џиуџица “The strongest and ruts” Куманово

-Филип Стојановски- КК “Куманово 2009”, кошаркар

-Александра Боризовска- ЖРК Куманово, ракометарка

-Зоран Ристовски- Велосипедски клуб “Вело М”, велосипедист

-Марјан Ивановски- Аеро клуб Куманово, пилот

-Милош Велевски- Кик бокс клуб “Куманово 2006”, кик боксер

-Матеја Ефремовска -Атлетски клуб Куманово, атлетичарка

За најдобар спортист е избран Андреј Петровски- Велосипедски клуб “Вело М” Куманово, велосипедист.

 

 

 

 

Општина Куманово доби дваесет и седум прочистувачи на воздух

Општина Куманово од страна на Владата доби дваесет и седум прочистувачи на воздух за образовните институции. Истите денеска беа поставени во СОУ Гимназија „Гоце Делчев„ во ОСТУ „Наце Буѓони„СОУ „Перо Наков„ и во градинката „Ангел Шајче„. Ова е уште една од мерките која општината ја превзема за справување на проблемот со аерозагадувањето.

Увид во работите на рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски,
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на
Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов денеска
извршија увид во работите на рехабилитација на регионалниот пат
Куманово-Свети Николе. Ова се теренски активности, кои претходат
на седница на Владата на Република Северна Македонија, која
денеска ќе се одржи во Куманово со почеток во 19:00 часот во
Занаетчискиот дом во Куманово.

Седница на Влада денеска во Куманово

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 171 седница денеска ќе ја одржи во Занаетчискиот дом во Куманово со почеток во 19.00 часот, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Во првиот дел на седницата Владата ќе ја разгледа информацијата за состојбите и извршените посети во текот на денот во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.За активностите на Владата во овие општини како и за приоритетите од заедничката соработка со локалните самоуправи на овие општини ќе бидат донесени одредени заклучоци од дискусијата со градоначалниците на овие општини.Потоа министрите во Владата ќе ја разгледаат и информацијата за изготвување „Регистар на програми” во рамки на програмата „Фонд за млади умови”, што ќе ја презентира Фонд за иновации и технолошки развој.На оваа владина седница се очекува да биде разгледана и прифатена Предлог – одлуката за давање согласност за потврдување на Спогодбата за присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга (РЕ Колектор Струга).На предлог на Општина Крушево, Владата на седницата ќе го разгледа и ќе донесе одлука за барање за финансирање на проект „Изградба на дел од инфраструктура во центар за параглаjдинг во Крушево”.На предлог на заменик претседателот на Влада на РСМ задолжен за економски прашања на оваа седница ќе бидат разгледани информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како и информацијата за текот на проектот дуално образование.На дневниот ред за оваа седница е и информацијата за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”.Агенцијата за млади и спорт за оваа седница ја подготви информацијата во врска со преземените активности за изработка на Акциски план за 2020 година за спроведување на Националната стратегија за млади (2016-2025).

Во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово – Св. Николе, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Настанот е предвидено да се одржи во 11:30 часот на околу 500м од Затворот во Куманово. Министерот за здравство Венко Филипче во 13:00 часот ќе ја посети општата болница во Куманово, по што ќе следуваат и изјави за медиумите.Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како еден од корисниците на ИПАРД програмата. Посетата е во 14:15 после која се предвидени и изјави за медиумите.Во 15:00, во Здружението на пензионери, министерот Венко Филипче ќе се сретне со пензионерите од Куманово и регионот,  после што се предвидени и изјави за медиумите.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во 17:00 ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот. Средбата ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Куманово, после која се предвидени и изјави за медиумите.

Со оваа трета седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од регионот.

Администрацијата со акција за чиста животна средина

Согласно Одлуката донесена на Владинa седница за одработување на 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции, вработените во општинската администрација, јавните претпријатија и установи денеска презедоа Акција за чистење на животната средина.
Се чистеше на повеќе локации во нашиот град: околу СОУ Перо Наков, Градски базен, Зелен пазар, Прочистителна станица-Добрашане и други локации.
Оваа Акција има за цел подигање на свеста за почиста околина како фундаментално загарантирано граѓанско право.

Се отстрануваат времените објекти на улица „11 Октомври„

Денеска на улицата „11 Октомври„ општина Куманово започна со отстранување на времените објекти (бараки), со цел да се создаде поголем простор во овој дел од градот. Општина ќе отстрани вкупно дваесет и четири објекти, со динамика, согласно финансиските можности што ги има. На овој начин ќе се намали метежот во сообраќајот, кој досега претставуваше проблем.

Возобновена Гитаријада

Вечерва во Занаетчискиот дом се одржа “Гитаријада 2019”, во организација на “Арт Атак”, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како прво возобновено издание на оваа значајна музичка манифестација, трајно врежана во меморијата на нашиот град, како една од ретките можности на кои младите бендови имаат можност да ја презентираат својата музика.
Овој музички настан го отворија кумановските рок ветерани, кои специјално за оваа прилика ги возобновија своите бендови: “Лектира”, “Ека Ника”, “Илинден”, “Берлински зид”, “Тумба”.
Настапија бендовите: „Wardencliffe“- Куманово, „Misantrope“-Битола, „Cursed Heart“ – Куманово, „Inner Hate“ и „Halfgod“ од Кичево, „Zima Blue“ -Велес, „Fiction“ и „Ruststained“ од Скопје и „Rubin“ – Куманово.
Како специјални гости настапија: “Majdan” и “There” од Р.Србија, “Parampascad and Bubnjivi” од Црна Гора ,како и “The three of us” од Р.С.Македонија.
Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот, присуствуваа на музичкиот настан, со кој завршуваат предвидените културни настани по повод одбележувањето на Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.

Продолжува соработката со Certiadria

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска доби благодарница од страна на компанијата Certiadria за успеешна соработка во делот на обезбедување на повеќе од 100-тина  MOS( Microsoft Office Specialist) сертификати на деца од средношколска возраст.Општина Куманово го подржа овој проект, а нашите средношколци успешно котираа на високи места на националниот МОС натпревар. На состанокот се разговараше за нови проекти (обуки) во делот на подигање на нивото на дигиталната писменост на администрацијата и вработените во училиштата во општина Куманово.

 

Советот на општина донесе одлука за исплата на парични средства за жителите на Драч – Албанија

Денеска советниците на Советот на општина Куманово на вонредната седница донесоа одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена – хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч – Република Албанија. Од средствата на буџетот на општина за 2019 година, ќе се исплатат парични средства во износ од 300.000 денари. Средставта ќе се искористат за набавка на прехрамбени и санитарно – хигиенски производи кои ќе бидат донирани како хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во збратимената Општина Драч – Република Албанија.