Во врска со Проектот за промоција и наградување на најдобрите заедници и институции за креирање на добар амбиент за развој на претприемништво во Средна и Југоисточна Европа “Глобал Локал”, со цел на пошироката јавност да и бидат претставени посебно успешните локални и регионални заедници, како и јавни институции, кои во денешното динамично секојдневие, преку оригинални решенија и креативните идеи, значајно допринесуваат за одржлив развој на претприемништвото, како основа за развој на заедницата и човекот, јавно им беше оддадено признание на најзаслужните, меѓу кои лауреат со награда и признание е и Општина Куманово.
Оваа престижна награда за Општина Куманово, на промоцијата на Лауреати ја прими Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.
Свеченоста на доделувањето на наградите и признанијата “Глобал Локал” се одржа во рамките на официјалната програма на Светскиот конгрес на претприемачи, со цел претставување на проектот и огромното значење на развојот на претприемништвото за севкупен економски и друштвен развој, кој се одржува во Скопје, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.