По повод Детската недела, која секоја година се одбележува во првата полна недела од октомври, денеска Градоначалникот Димитриевски ги пречека претставниците од Здружението за грижи и воспитување на деца-Куманово, најмалите од ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”, учениците од општинските основни и средни училишта од различни одделенија со своите наставници. Оваа година мотото на Детската недела гласи “Имаме право на среќно детство”.
Градоначалникот Димитриевски на сите ученици во прво одделение им го честита приемот во редовите на Детската организација, нагласувајќи дека децата треба да ги знаат своите права и обврски, кои треба да ги исполнуваат, но дека мора да се работи и со родителите, бидејќи домашното воспитување е основата на оформувањето како личност на секое дете.
Децата од Градинката и учениците од основните училишта пред Градоначникот се претставија со стихотворби и му подарија лично изработени цртежи за оваа прилика.