“Заедно за граѓаните“

На Градскиот плоштадот денеска се одржа настан „Заедно за граѓаните“, на кој пред присутните беа презентирани показни вежби, активности, сервисни информации и услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите. Настанот кој се одржува по повод празникот 8 ми Септември е во организација на Општина Куманово ,СВР, Територијалната противпожарна единица,  Црвен Крст и Итната медицинска помош.Оваа година манифестацијата е посветена на поголема безбедност во сообраќајот, потребата за поголема сообраќајна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи, како и да не се уништува сообраќајната инфраструктура.

Одбележан празникот 8 Септември

На споменикот Жена Борец – Македонка на градскиот плоштад, денеска со свечена програма беше одбележан празникот 8-ми Септември-Ден на Независност на Република Северна Македонија. Делегации од борци,Градоначалник на општина Куманово,Советот, Армија на Република Северна Македонија, Министерство за внатрешни работи, институции, училишта, невладини организации, политички партии, здруженија и граѓани, положија цвеќе пред споменикот. Пред присутните се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски.

Градоначалникот Димитриевски го отвори натпреварот „Blanik kup„

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска го отвори Blanik kup натпреварот (прецизно слетување со воздухопловна едрилица) што се одржа на Аџитепе. Натрпреварот е во организација на Аеро клуб „Куманово„ , а се организира по повод претстојниот празник 8-ми Септември. Учество на овој еднодневен натпревар зедоа околу дваесет и пет натпреварувачи како од нашата држава така и од Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и други.

Втора фестивалска вечер на „Рома Труба Фест„

Градоначалникот Максим Димитриевски во својот кабинет, вечерва ги прими претставниците од ансамблите што ќе настапат на втората вечер на фестивалот „Рома Труба Фест„. Потоа оствари средба со Амбасадорот  на Франција во РСМ Кристијан Тимоние. По средбата, заедно се упатија на градскиот плоштад каде ја проследија втората вечер на фестивалот „Рома Труба Фест„ на која настапија: Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар, и специјалната гостинка „Љубојна“.

Прв вечер од фестивалот „Рома Труба Фест„

На првата фестивалска вечер на „Рома Труба Фест„ која ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски пред многубројната публика на грдскиот плоштад се претставија: „Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин беше Роберт Ферчо и Бед Бојс.

Изложба на византиски и поствизантиски сакрални споменици во Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски, вечерва присуствуваше и ја отвори изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Куманово„ од авторот Славица Крстиќ. На изложбата која е дел од одбележување на јубилејот 500 години Куманово, беа презентирани триесет постери со колор фотографии на дваесетина сакрални споменици од Византиски и Османлиски период во Куманово. Свое обраќање на изложбата имаше и министерот за култура на Република Северна Македонија Хусни Исмаили кој претходно оствари работна средба со градоначалникот Димитриевски, во неговиот кабинет.

Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на ООУ „Браќа Рибар„ во Табановце

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска заедно со Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Младен Шарчевиќ и Амбасадорот на Република Србија во Република Северна Македонија Душанка Дивјак – Томиќ  беа во посета на ООУ „Браќа Рибар“ во  село Табановце. Од страна на училиштето беа пречекани со свечена приредба од учениците.  Инаку во оваа училиште наставата, освен на македонски и албански се изведува и на српски јазик. Присутните разговараа за можна меѓусебна соработка со која ќе се подобрат условите за настава на децата во училиштата.

Утре започнува Рома – Труба фест

Утре со почеток во 19:30 минути започнува 14- ти фестивал Рома Труба Фест. На првата фестивалска вечер која ќе започне во четврток ќе настапат: Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс. Втората фестивалска вечер која ќе се одржи во петок, ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар, и специјалната гостинка „Љубојна“.Фестивалот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура.

Заврши ликовната колонија „Карпино 2019„

Вчера заврши седумнаесетата по ред меѓународна ликовна колонија „Карпино„2019. Оваа година учество зедоа вкупно петнаесет уметници од нашата држава и од Италија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Изложбата траеше осум дена, а уметниците твореа во класична техника, акрил и масло на платно. На затворањето присуствуваше Градоначалникот Максим Димитриевски.

Успешно изведена претставата „Коштана„ од кумановските пензионери

Вчера вечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ се одржа премиера на претставата „Коштана„ изведена од драмската работилница на КУД „Ѓоко Симоновски„ и Здружение на пензионери„ Куманово. Пред многубројната публика, на претставата која е организирана по повод 500 години Куманово, свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски.