Пуштен во употреба новиот ургентен центар во Куманово

Денеска Секретарот на општина Куманово Десанка Стошевска заедно со претставници на општинската администрација, присуствуваше на свечено пуштање во употреба на новиот ургентен центар во Куманово. Ургентниот центар го пушти во употреба Премиерот на Република Северна Македонија  Зоран Заев, а присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостаопаство Трајан Димковски и за политички систем Садула Дураку.Новиот објект се наоѓа во склоп на општата болница Куманово, со можност за опслужување на  200 000 пациенти од североисточниот регион на државата. Со оваа ќе се олесни третманот на пациентите, бидејќи на едно место ќе можат да се добијат различни видови на прегледи и понатамошен соодветен третман. Инвестицијата на овој објект, кој е од големо значење за граѓаните е 900 000 евра.

Средба на градоначалникот Димитриевски и министерот Музафер Бајрам

Градоначалникот Максим Димитриевси денеска во просториите на општината оствари работна средба со Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, а на средбата присуствуваше и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Самка Ибраимовски.

На средбата се разговараше за темите кои се однесуваат на граѓаните од ромската заедница. Беа разгледани прашањата кои произлегуваат од деловите на градот кои се инфраструктурно запоставени, се разговараше за можните инвестиции како и улогата на централната власт во пронаоѓањето на соодветни решенија за отворените прашања и потенцијалната реконструкција на постоечката канализациона мрежа и улична инфраструктура.

 

 

 

Општина Куманово е една од петте општини кои добија можност да учествуваат  на проектот „Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност”

Општина Куманово е една од петте општини кои добија можност да учествуваат на проектот „Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност”

Општина Куманово аплицираше на јавен повик објавен од Заедниците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Германска агенција за меѓународен развој – GIZ за проектот „Поддршка на локалните самоуправи на Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност„.

Овој проект во кој освен општина Куманово учествуваат и општините Карпош, Охрид, Кавадарци и Битола , предвидува промоција, планирање и градење на капацитетите во спроведување на активности за урбана мобилност, темелени на модел на оптимални трошоци и иновација. Активностите на овој проект се однесуваат на изработка, усвојување и имплементација на План за одржлива урбана мобилност (SUMP). За таа цел на секоја од петте општини ќе и биде доделен експерт кој во соработка со локалниот тим ќе го имплаеметираат целокупниот проект за да истиот биде одобрен. За сите фази од проектот ќе бидат информирани и вклучени граѓаните, а првата активност ќе започне на 19 Август 2019 година. Инаку изработката на овој тип на плански документ во тендерска постапка чини 40.000,00 евра што значи дека, Општина Куманово преку добивање на овој проект ќе ја заштеди оваа сума.

Одржана средба на тема „Инвестициони активности во вашата урбана заедница, со цел поставување на гасоводна мрежа”

Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на состанокот кој се одржа денеска со претставници на Општина Куманово, Локалниот економски социјален совет, јавното претпријатие Куманово Гас и претставници на бизнис заедницата.. На средбата се разговараше на тема „Инвестициони активности во вашата урбана заедница, со цел поставување на гасоводна мрежа“, а дебатата се развиваше во правец на разгледувањето на можностите за проширување на гасоводната мрежа во индустриските зони.

Градоначалникот Димитриевски истакна дека Општина Куманово и бизнис заедницата ќе работат партнерски и заеднички ќе учествуваат во забрзувањето на процесот на гасификација и подобрувањето на економско-социјалниот аспект.

Свечен прием на учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“2019

Денеска во Занаетчискиот Дом се одржа свечен прием на културно-уметничките друштва и ансамблите кои настапуваат деновиве на првиот Меѓународен фолклорен фестивал ,,Куманово” 2019. Градоначалникот Максим Димитриевски ги поздрави учесниците и го искажа своето задоволство од организирањето на манифестацијата која ја негува традицијата и ги сплотува различните народни музички творештва.

По свечениот прием, на градскиот плоштад беше засадено дрво во чест на фестивалот, со цел истиот да прерасне во традиција.

Програмата на фестивалот продолжува вечерва со почеток од 19:30 часот во НУЦК ,,Трајко Прокопиев“, а третата и завршна вечер е утре, каде што покрај настапите на шестте ансамбли, со едночасовна програма ќе се претстави и Националниот ансамбл „Танец“ – Скопје.

Отворен Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ 2019

Вечерва со дефиле низ улиците на градот, а подоцна со свечено отворање во НУЦК „Трајко Прокопиев“ започна Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ 2019. Фестивалот ќе трае три дена , а на програмата во вторник, среда и четврток ќе се најдат настапи на дванаесет уметнички друштва и ансамбли од Република Северна Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Колумбија.

Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ 2019 се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Северна Македонија, а по повод 500 години од постоењето на Куманово.

 

Потпишан договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за осветлување во градот

Денеска во Општина Куманово беше потпишан Договор за јавно – приватно партнерство за осветлување во градот. По распишувањето на меѓународен повик за јавно – приватно партнерство фирмата ИЦС Системи од Р.Чешка со подружница во РСМ-Охрид, се обврза во наредниот период да вложи 4,7 милиони евра во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со  штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места во градот со  модерен систем за управување.

 

 

Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“

Од 16.07.2019 до 18.07.2019 на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово„. На фестивалот кој е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерство за Култура на Република Северна Македонија ќе учествуваат ансамбли од Република Северна Македонија, Србија,Босна и Херцеговина ,Бугарија и Кулумбија .

Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Венето, Италија

Како дел од проучувањето на односите помеѓу регионот Венето (Италија) и локалните заедници на Република Северна Македонија, Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на работен состанок со г-дин Фабио Газабини, директор на регионот Венето (Италија). На средбата градоначалникот преку презентација ја претстави индустриската зона „Новине и Речица„, а се разговараше и за можност за потенцијални странски инвестиции. Од друга страна беше илустриран потенцијалот на Венето компаниите кои се наоѓаат во економски најразвиениот регион во Италија. Двете страни разменија искуства и идеи на економски план, со можност за понатамошна соработка.