Денеска советниците на продолжение од дваесет и деветта седница на советот, ја изгласаа одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство за осветлувањето во градот. Со тоа се финализира постапката за јавно-приватно партнерство, со која во наредниот период приватна фирма (партнер) ќе биде задолжена да вложи 4,7 милиони евра во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места во градот со модерен систем за управување.
Заедно за безбедно лето
Вчера во организација на СВР Куманово и Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на градскиот плоштад се одржи настан „Заедно за безбедно лето„. Настанот е посветена на безбедноста на младите во сообраќајот и поголема сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот.Учесниците возеа велосипед и пишуваа пораки за безбедност, кои ќе бидат поставени на видни места во гардот. На најдбрите екипи им беа доделени пехари и дипломи.
Градоначалникот Максим Димитриевски на конференција во Лондон на EBRD Green Cities
Градоначалникот Максим Димитриевски учествуваше на Конференција во Лондон на EBRD Green Cities, градење на подобра и поодржлива иднина на градовите. Настанот е дел од неделата на климатските активности во Лондон.
Во рамките на конференцијата, градоначалникот оствари средба со директорот за инфраструктура за Европа,Сусан Гоеранссон. На средбата се разговараше за можноста за приклучување на општина Куманово во друштвото на Зелените и енергетско ефикасни градови во светот, како и за можност за реализација на енергетско ефикасни проекти во реконструкција на постоечката јавна инфраструктура (училишта и детски градинки) во општината и финансиска поддршка од банката.
Исто така на настанот беа истакнати најновите трендови во финансирањето на зелените градови, oд иновативни технологии до инвестиции во одржлива инфраструктура.Учесниците има можност да ги споделат своите искуства во дизајнирањето и инвестирањето во одржливи грдови,како и да дадат свои предлози за справување со урбаните предизвици за обезбедување на подобра и поодржлива иднина за градовите и нивните жители.
Разработените граѓански идеи на втората форумска сесија
Идеите на граѓаните, кои беа дадени на првата форумска сесија, во вид на разработени концепт проекти, денеска се најдоа на втората сесија, која се одржа за во НУЦК „Трајко Проекопиев“ во Куманово.
Општината Куманово во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), спроведува Проектен форум, од каде треба да произлезат проекти за поголема социјална вклученост.
На првата сесија граѓаните детектираа недостаток на простор за млади и млади таленти и спортисти, кои во еден центар ќе ги демонтрираат своите креативност и иновантност, но и простор за дружење. Потоа сервис за стари лица, кои ќе ги опслужуваат волонтери од средните училишта, потреба од центри за ран детски развој во руралните средини, недостаток на инфраструктура за лица со посебни потреби, како семафори за слепи лица, улици и тротоари прилагодени за движење, пристапни рампи до институциите. Меѓу изложените идеи се и: Реконструкција на салата на ОУ „Браќа Рибар“, Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци, Спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби како и Опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица со посебни потреби.
На втората сесија, граѓаните имаа можност да ги проследат концепт проектите, кои настанаа на основа на нивните предлози од првата форумска сесија, кои во основа ја имаат социјалната инклузија. Исто така, беа презентирани осум концепт проекти, за кои се дискутираше во рамките на форумот, кои ќе бидат преточени во предлог проекти за следната сесија.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.
Ликовна изложба – Портрети на Американските претседатели
По повод одбележувањето на 500 години Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, вечерва во Занаетчиски Дом беше отворена ликовната изложба – „Портрети на Американските претседатели“. Изложбата ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски, кој се обрати пред присутните, а свој говор имаше и авторот на делата, самостојниот уметник Борче Тодоровски.
Изложбата е во чест на успешната соработка која Општина Куманово ја има со Амбасадата на САД во Р.Северна Македонија, како и другите владини и невладини организации од САД со претставништво во нашата држава.
Работилница на Локален совет за превенција
Разработените граѓански идеи утре на втората форумска сесија
Идеите на граѓаните, кои беа дадени на првата форумска сесија, во вид на разработени концепт проекти, ќе се најдат на втората сесија, која е закажана за вторник, 02-ри јули, во 10 часот во НУЦК „Трајко Проекопиев“ во Куманово.
Општината Куманово во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), спроведува Проектен форум, од каде треба да произлезат проекти за поголема социјална вклученост.
На првата сесија граѓаните детектираа недостаток на простор за млади и млади таленти и спортисти, кои во еден центар ќе ги демонтрираат своите креативност и иновантност, но и простор за дружење. Потоа сервис за стари лица, кои ќе ги опслужуваат волонтери од средните училишта, потреба од центри за ран детски развој во руралните средини, недостаток на инфраструктура за лица со посебни потреби, како семафори за слепи лица, улици и тротоари прилагодени за движење, пристапни рампи до институциите. Меѓу изложените идеи се и: Реконструкција на салата на ОУ „Браќа Рибар“, Адаптација на покрив и столарија во ООУ „Браќа Миладиновци, Спортски катчиња за урбана и рурални средини со простор за спортување на деца со посебни потреби како и Опремување и адаптација на Градската библиотека со компјутери и книги за слепи лица и лица со посебни потреби.
На втората сесија, граѓаните ќе имаат можност да ги проследат концепт проектите, кои настанаа на основа на нивните предлози од првата форумска сесија, кои во основа ја имаат социјалната инклузија. Ќе бидат презентирани осум концепт проекти, за кои ќе се дискутира во рамките на форумот, кој ќе одлучи кои од овие предлози ќе бидат преточени во предлог проекти за следната сесија.
За форумот: Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).
За проектот: Форумскиот процес е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија втора компонента е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации.
Одржан Мото Рок Фест 2019 Куманово
Во Петок 28ми Јуни и Сабота 29ти Јуни се одржа дводневниот музички рок фестивал Мото Рок Фест Куманово 2019, во организација на BEARS Куманово и под покровителство на Општина Куманово, во рамки на 500 години од град Куманово.
Средба на Градоначалникот со велисипедистот Андреј Петровски
Денеска Градоначалникот Димитриевски оствари средба со велосипедистот Андреј Петровски кој зеде учество на Вторите Европски Олимписки игри кои се одржаа во Минск,Белорусија од 21-30 Јуни 2019. На средбата беше потенциран успехот на нашиот спортист кој се натпреваруваше во дисциплина-Друмско возење од 180 километри и освои 106 место и во дисциплина-Хронометар каде што постигна 28 место. Според овој успех очекувано е овој велосипедист, член на велосипедскиот клуб ,,Вело-М” да учествува и на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Со ова уште еднаш се потврдува највисокото спортско достигнување-Куманово Европски град на спорт за 2019 година.
Трибина за унапредување на Училишниот спорт во Куманово
Денеска во просториите на ООУ „Крсте Мисирков„ се одржа трибина за унапредување на училишниот спорт во Општина Куманово. Свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски кој ја истакна важноста на училишниот спорт и заложбите за неговиот развој. На трибината учествуваа претставници од Секторот образование од општината, Општински сојуз на спортови, Здружение на спортски педагози, Општински сојуз на училишен спорт, директори на основни и средни училишта во градот и наставници. Целта на оваа трибина е преку идеи и предлози да се дојде до изготвување на една долгорочна стратегија за развој на училишниот спорт во нашата општина.