76 години од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред
Денеска пред споменикот во Цекова Бавча, во близина на спортската сала, со пригодна програма и полагање на цвеќе, се одбележаа седумдесет и шест години од излегувањето на јадрото на Вториот партизански одред.Настанот е во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ (1941-1945).
Изложба „100 години од творештвото на Трајко Муфтински”
Детски ликовен камп АСНОМ 2019
Денеска заврши деветтиот по ред традиционален детски ликовен камп АСНОМ 2019 во Пелинце. Истиот е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општината, а во организација на Фондација за Култура и спорт. На затворањето присуствуваше секретарот на општина, Десанка Стошевска која имаше свое обраќање.
Одржан концерт во чест на Миодраг Божиновски
Вечерва во салата на Центарот за Култура „Трајко Прокопиев„ под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово, се одржа концерт, музичко сеќавање во чест на големиот музичар и композитор од нашиот град Миодраг Божиновски. Пред многубројната публика на концертот кој се одржува во рамките на одбележување на 500 години Куманово, се претставија познати имиња од македонската естрада. Миодраг Божиновски е еден од најпознатите музички ликови во градот, исткнат композитор, продуцент, диригент, автор и професор, чии дела оставија белег на музичкото живеење во градот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржан состанок на Штаб за заштита и спасување на ден 18.06.2019 год.
По појава на обилни врнежи од дожд во тек на вчерашниот ден (17.06.2019 година), се одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, РЦУК, ДЗС, МВР, ТППЕ, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, АД Водостопанство и Црвен Крст. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки:
- Главен проблем за поплавување во објекти, се приклучените атмосферски води од крововите и дворните места, во фекална канализациона мрежа. Поради оптеретеност на мрежата, која патем е предвидена за одвод на отпадни води од кујни и тоалети, во ниските приклучни точки во мрежата, доаѓа до излевање и поплавување во внатрешни простории.
АПЕЛ до граѓаните за разумно постапување и исклучување на атмосферските води од крововите и дворовите и нивно спроведување на улиците, доколку нема атмосферска канализациона мрежа во непосредна близина, со што би се растеретила фекалната канализациона мрежа и не би дошло до несакани последици. Исто така, во нареден период, надлежени сектори при Општина Куманово, се обврзуваат да вршат контрола, со цел, раздвојување на атмосферска од фекална канализациона мрежа;
- Се задолжува ЈП „Водовод“ Куманово во најкус можен рок, да изработи техничко решение, како би се решил проблемот со атмосферските води, кои по улици од целиот град, се слеваат до бул. „Октомвриска Револуција“ со што се оптеретува атмосферската канализациона мрежа на самата улица;
- Се задолжуваат дежурните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ како и екипи од ТППЕ, со својите опрема и ресурси, да продолжат да бидат активни на терен и да помагаат во справување со евентуални нови поплави предизвикани од обилните врнежи.
Општински Штаб за Заштита и Спасување, како и дежурните екипи на ЈП „Водовод“ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“, ТППЕ, РЦУК и МВР, и понатаму будно ја следат ситуацијата, особено заради можни нови вренежи од дожд во попладневните часови во наредните два дена.
Потребна помош во случај на поплавување, и понатаму, граѓаните ќе може да побараат на дежурниот телефонски број 195 на РЦУК, како и на 078365061, дежурен телефон на Општина Куманово.
Концерт посветен на Миодраг Божиновски
Детски ликовен камп АСНОМ 2019
Денеска во Мемораијалниот центар АСНОМ во Пелинце се започна деветиот по ред ликовен камп АСНОМ 2019. Оваа година учествуваат околу 25 учесници од основните училишта од градот и дневните центри за лица со интелектуална попреченост. Настанот е во организација на фондација за култура и спорт,под покровителство на градоначалникот и Советот на општината. Свеченото затворање на кампот ќе биде на дваесетти јуни во дванаесет часот.
Во Куманово се одржа настан за одбележување на унгарската култура
По повод дваесет и пет годишнината од почетокот на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Унгарија, во Куманово вечерва се одржа изложба преку која беа претставена унгарската историја, култура,традиција и храна. Свое обраќање на настанот имаше Претседателот на Совет на Општина Куманово Атина Мургашанска и Амбасадорот на Република Унгарија Д-р Ласло Дукс
Одржан состанок на Локален совет за превенција
Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Локален совет за превенција. На истиот се разговараше за Национална стратегија за борба против тероризмот (2018 -2022) и за Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) со можност за имплементација на локално ниво преку натамошни чекори со донесување на Акциски план.