Денеска Локалниот Економско Социјален Совет од Општина Куманово беше домаќин на средбата со претставник од меѓународната Организација на трудот и претставници од ЛЕСС Кичево и Струга. На средбата се дискутираше за активностите кои се превземаат од овие совети, се разменуваа искуства и се претставија идни планови, се со цел подобрување на социо-економските состојби во општините.
Прва форумска сесија
Денеска во Занаетчиски дом се одржа првата сесија од проектниот форум „Зајакнување на општински совети„.Овој форум се организира преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а целта е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани на форумот имаат можност да предлагаат приоритетни проекти, кои ќе се финансираат од буџетниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF). Форумот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски.
Настан по повод 20 годишнината од Кумановскиот договор
Во Куманово денеска се одржа настан по повод 20-годишнината од Кумановскиот договор со кој се стави крај на интервенцијата на НАТО врз поранешна СР Југославија. На настанот присуствуваше и свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Во рамки на настанот се одвиваше дебата на која учествуваа директорите на Дојче Веле од Германија, Раководителот на Македонската редакција во Дојче Веле, студенти од Белград и Приштина и новинари.
Пред одржување на дебатата, учесниците го посетија Аџитепе каде што ноќта помеѓу 9 и 10 јуни 1999 година е склучен – техничкиот договор, помеѓу Меѓународните безбедносни сили КФОР и Владата на Сојузна Република Југославија.
Организатор на настанот е Дојче Веле во сорботка со Општина Куманово.
Форумски процес за избор на приоритетни проекти – Прес на Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска
Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска денеска на прес конференција го претстави форумскиот процес за избор на приоритетни проекти. Општина Куманово во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку форуми во заедницата ќе им овозможи на граѓаните да предлагаат, разработуваат, а потоа и да избираат проекти од важност за заедницата од областа на социјалната инклузија.
Покана за прва форумска сесија
Почитувани сограѓани,
Општина Куманово доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, во чии рамките ќе организираме Форуми на заедницата, како демократска алатка да се слушнат мислењата и предлозите на граѓаните.
Од форумот очекуваме вие да предложите и да ги изберете проектите за кои сметате дека се важни за заедницата. За овие проекти, предвиден е фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF). Проектот е имплементиран од УНДП, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Затоа, ве поканувам на првата форумска сесија, што ја закажавме за во вторник, 11-ти јуни 2019 година, во 10 часот, во Занаетчиски Дом во Куманово.
Важни ни се вашите предлози и размислувања и затоа очекуваме да ги слушнеме на Форумот на заедницата.
Со почит,
Општина Куманово
Градоначалник Максим Димитриевски
10.06.2019 год.
Куманово
Заврши летната школа за проза,поезија и драма
Во рамки на програмата за одбележување на 500 години од постоење на градот Куманово, во Меморијалниот центар AСНОМ во Пелинце од трети до седми јуни се одржа Летна школа за поезија, проза и драма во организација и под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово. На школата учествуваа ученици од сите средни училишта од Куманово, Кратово и Крива Паланка, а предавањата ги држеше професорот Венко Андоновски.
Денеска на завршниот настан по повод затворање на Летната школа учениците се претставија со модерна творба која ги обединува трите литературни рода и го оживува ликот на кумановскиот крал Карпош. На завршната свеченост свое обраќање имаше Градоначалникот Максим Димитриевски кои истакна дека оваа школа треба да прерасне во традиционална, да се одржува секоја година и да го поддржува и развива талентот кај средношколците за пишување литература и љубов кон македонскиот литературен јазик.
Поставени нови детски играчки во паркот во Соколана
Денеска во Соколанскиот парк беа пуштени во употреба нови детски играчки,донација на UNDP, имплементирани од невладината организација Креатор, а во соработка со Општина Куманово.
Одржана јавна дискусија за нацрт текст на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“
Куманово денеска беше домаќин на претставувањето и јавната дискусија за нацрт текстот на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија, во организација на Владата на Република Северна Македонија, односно Канцеларијата на Претседателот на Владата.
На настанот присуствуваше Градоначалникот Максим Димитриевски, а воведно обраќање имаше Министер без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, Заменик министер за образование и наука Петар Атанасов, како и претставник на граѓанскиот сектор Мерсиха Исмаиловиќ.
Нацрт текстот на стратегијата го претстави Заменик координаторот на кластер образование во координативното тело за изготвување на стратегијата Андријана Томовска, а подоцна се одвиваше и дискусија за стратегијата.
Целта на националната стратегија е да се гради „едно општество“ и преку истата да се спроведат препораките на меѓународните тела на Обединетите нации, Советот на Европа, Европската комисија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Националната стратегија за развој на концептот на едно општество е документ кој прв пат се подготвува во Северна Македонија, и е од особено значење за иницирање на активностите и зајакнување на процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници, во насока на создавање на еднакво општество.
Промовирани мобилни пазари за свежи земјоделски производи
Денеска во Куманово се одржа презентација на проектот „Одржлив пазар за свежи земјоделски производи во прекуграничната област во Општина Гњилане и Општина Куманово“. Проектот се спроведува од 8 јануари 2018 година во рамките на Програмата за прекугранична соработка Косово – Република Северна Македонија.
На настанот воведно обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски кој искажа благодарност до донаторите на средствата – Европската Унија, на претставниците на Министерството за локална самоуправа, Владата, како и партнерите од Гњилане за успешното реализирање на проектот.
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Гњилане Љутви Хазири и претставникот на делегацијата на Европската Унија Константин Јовановски.
На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, директори на јавните претпријатија и јавните установи, советници, стопанственици и граѓани.
Целта на проектот е максимизирање на продажбата и профитот на локални свежи производи на земјоделците од Гњилане и Куманово. преку организирање на напредни зелени пазари, а воедно и промоција на земјоделски производи преку отворени денови на мобилните штандови.
По завршувањето на презентацијата градоначалниците на двете општини, заедно со тимовите кои работеа на проектот се упатија на зелениот пазар каде што беа промовирани мобилните пазари за свежи производи и се сретнаа со земјоделците.
Честитка на Градоначалникот по повод празникот Рамазан Бајрам
На сите верници од исламската вероисповед им го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.Ви посакувам празничните денови да ги минете во среќа, радост и добро здравје, во кругот на семејството и на најблиските. Взаемното почитување и славењето на празниците на различните верски заедници, се столб на градење на соживотот, но и пример кои треба да го следат идните генерации на наше мултиетничко Куманово.