Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ 2019

На градскиот плоштад во Куманово денес се одржа традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ 2019. Настанот е дел од годишната програма за културни манифестации на општината која оваа година прославува 500 години постоење, а се реализира под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово. Пред многубројната публика продефилираа околу четириесет поединечни и групни маски со околу 1200 учесници.

На овогодинешниот маскенбал учествуваа сите детски градинки, основни и средни училишта, како и поединци , а гости со ревијално учество беа неколку маски од Струмичкиот карневал. Настанот беше проследен со богата културно-уметничка програма.

Посета на Швајцарската амбасадорка на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада. На средбата се разговараше за работата на локалната самоуправа, досегашните заеднички проекти, како и за можната идна соработка.

Панел дискусија по повод Денот на Европа

Панел дискусија на тема „Европските интеграции во развојните перспективи на Република Северна Македонија со осврт на Северо- источниот плански регион“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Европското движење ЕДМК во соработка со Општина Куманово. Настанот е дел од традиционалното одбележување на 9 мај – Денот на Европа.

Воведно излагање на настанот имаше градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија Кристијан Тимоние, а говореа и потпретседателот на ЕДМК Мухамед Халили и професорот Трпе Стојановски од УКЛО.

Дискусијата за Европските интеграции во развојните перспективи на Република Северна Македонија ги опфати европските интеграции и реформите поврзани со пристапните преговори кои во скоро време се очекува да бидат главна преокупација на локалните власти, граѓанските здруженија, претпријатијата и т.н., како и прашања поврзани со механизмите за јакнење на капацитетите на локалните чинители за поголема граѓанска партиципација и развојот на човечките ресурси за спроведување на реформите.

Куманово домаќин на Државни спортски игри за основните и средните училишта

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска свечено ги отвори Државните спортски игри за основните и средните училишта, или познати како Мали олимписки игри. Традиционалната Спортската манифестација е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука и Агенција за млади и спорт, градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово. На игрите настапуваа најдобро квалификуваните спортски екипи од училишта од сите општини во државата, со бројка од над 800 учесници. Натпреварите беа во повеќе спортски дисциплини – футсал, кошарка, фудбал, атлетика и тоа во машки и во женски дисциплини.

Амбасадорот на Руската Федерација во посета на Општина Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Н.Е. Баздникин Сергеј Александрович. Средбата е во рамките на Меѓународната конференција на тема „Русија – Северна Македонија: јазик, историја, култура, образование“.  По тој повод во посета на општината беа и учениците и професорите вклучени во проектот за соработка помеѓу Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и Гимназијата No.13 Невски реон од Санкт Петербург.

Годинава кумановската гимназија беше домаќин и организатор на Меѓународната конференција која се одржа во Занаетчискиот Дом, под покровителство на градоначалникот и Секторот за образование при Општина Куманово.

На настанот свој поздравен говор имаше градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорот Баздникин Сергеј Александрович, а пред присутните се обрати и директорката на гимназијата „Гоце Делчев“  Марија Тодоровска. Во програмата на конференцијата беше опфатена богата содржина од музички изведби, поеми, говори за особеностите на воспитната дејност, реализацијата на проекти и руско-македонската соработка. Во рамки на Меѓународната конференција свечено беа доделени дипломи и награди за победниците на XII Меѓународен Фестивал  за детско литературно творештво, кој беше организиран од Комитетот за образование, култура, младинска политика и печат при Владата на Санкт Петербург.

Куманово домаќин на  Мали олимписки игри

Најмасовната спортска манифестација во државата, која традиционално се реализира во образовниот систем  позната како мали олимписки игри  оваа година ќе се одржи на 10 мај во Куманово, кој оваа година слави голем јубилеј 500 години од неговото постоење.  Планирано е натпреварите да се реализираат од девети до единаесети мај. Организатор на овие игри е федерација на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт , Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово. Во овие игри ќе настапуваат најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата во повеќе спортови со бројка од 800 – 1000 ученици.

Одбележан 9 мај – Ден на победата над фашизмот

Куманово денеска го одбележува 9 мај – Меѓународниот Ден на победата над фашизмот. По тој повод на Спомен Костурница свежо цвеќе положија борците, градоначалникот Димитриевски, делегација на Советот на Општина Куманово предводена од претседателот Атина Мургашанска, делегации на АРМ, ЗАПВРС, директорите на јавните претпријатија и установи, делегации од основните и средните училишта во градот, претставници на политички партии, претставници на невладини организации, ученици, граѓани и др.

Во чест на Денот на победата над фашизмот, пред присутните се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски. Во својот говор тој се осврна и на прославувањето на 9 мај како Ден на Европа, но и на настаните кои се случија на 9 мај 2015 година во Куманово.

 

 

„Негуваме исти вредности” во чест на Денот на Европа

Настан во чест на Денот на Европа „Негуваме исти вредности” денеска се одржа во Занатски Дом,  организиран од ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово.

Свое обраќање пред присутните имаше  градоначалникот Максим Димитриевски, кој зборуваше за значењето на денешниот ден и придобивките од ЕУ проектите за Општина Куманово. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, советници, директори на јавни претпријаија и јавни установи, директори на основни и средни училишта и ученици.

Настанот беше проследен со богата програма од музички изведби на учениците од СОУ „Наце Буѓони”, ООУ „Јероним Де Рада” и Гимназијата „Гоце Делчев„.

 

 

 

 

Ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ на Училишно Светско Првенство во Сплит

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска оствари средба со професорите и учениците кои ќе патуваат на Училишното Светско Првенство во атлетика за машки, кое ќе се одржи од 13 до 19 мај во Сплит, Р.Хрватска.

На екипното атлетско првенство ќе има училишни екипи од  33 држави од светот, а делегацијата од ООУ „Крсте Мисирков“ ќе биде составена од шест ученици кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини – 300 м со пречки, спринт, скок во далечина, трискок, фрлање на ќуле и штафета.

Мултимедијален настан „Заедно за иста цел“

Општина Куманово во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода, организираа мултимедијален настан на тема „Заедно за иста цел“. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Максим Димитриевски, претставници на СВР Куманово – Оддел за превенција, како и претставници на ЦИВИЛ.

Настанот е дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“, а е резултат на заедничките заложби на локалната самоуправа, полицијата, ЦИВИЛ, основните и средните училишта, а со поддршка на Амбасадата на САД за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација против насилниот екстремизам.

Мултимедијалниот настан беше проследен со видео проекции, музика, сценски настапи на учениците, изложба и доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби кои учениците ги создаваа на креативната работилница искажувајќи ги своите мисли и идеи за човековите права и слободи, мирот и безбедноста.