Покана за одбележување на 9 мај – Ден на победата над фашизмот

Покана за одбележување на 9 мај – Ден на победата над фашизмот

Почитувани,

По повод одбележување на  Ден на победата над Фашизмот , Општина Куманово  Ве поканува на ден 09.05.2019 година (четврток) на полагање на цвеќе  на Споменик Косторница со почеток во 11:30 часот.

Гимназија „Гоце Делчев“ го слави патрониот празник

Денеска по повод патрониот празник на училиштето, пред бистата на Гоце Делчев во кумановската гимназија свежо цвеќе положи градоначалникот Максим Димитриевски, претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на Советот на општината.

Прославата на патронатот на гимназијата беше одбележан со богата програма, ликовна изложба на дела на учениците во Центарот за култура „Трајко Прокопев“ и свечена приредба со драмска претстава и музички настап.

Велигденски хепенинг „Празниците зближуваат“ во ООУ „Магдалена Антова“

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на велигденскиот хепенинг во ООУ „Магдалена Антова“ насловен како „Празниците зближуваат“, настан кој е дел од проектот „Безбедни училшта“.

Велигденска честитка од градоначалникот Максим Димитриевски

На сите православни христијани им го честитам големиот празник Воскресение Христово – Велигден. Ви посакувам Велигденските празници да ги поминете во благодет, исполнети со здравје, љубов и спокој, разбирање и едниство.

Овој голем христијански празник е можност да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот мултиетнички и културен идентитет и да продолжиме напред чекорејќи по патот на мирот и добрината – праведно, чесно и одговорно.

Почитувани сограѓани, на овој благословен ден Ви посакувам со верба во срцата да се посветите на восхитување на вистинските вредности и меѓусебната бескрајна почит.

Комисијата за односи меѓу заедниците го одбележа Велигден

Комисијата за односи меѓу заедниците денеска го одбележа големиот верки празник Воскресение Христово – Велигден. На настанот присуствува деца од мултиетничките училишта во Куманово, со што беше дадена можноста останатите етнички заедници од градот да се запознаат со значењето на празникот.

На манифестацијата присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, директори на училишта, директори на јавните установи и претпријатија од градот, професори и ученици.

Пред присутните се обратија претставници на Македонската Православна Црква кои говореа за значењето на  и симболиката на бојадисување на јајца, како и претседателката на Комисијата за односи меѓу заедниците Татјана Крстевска која зборуваше за значењето и улогата на комисијата. Настанот е во рамки на програмата за реализација на активности на Комисијата за односи меѓу заедниците.

Претседателката и членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците, на православните христијани им го честитаат големиот празник Велигден.

 

Пролетен џез концерт на Филип Стевановски

Градоначалникот Максим Димитриевски, вечерва присуствуваше на џез концертот на Филип Стевановски Бенд во Занаетчиски Дом. Концертот е во организација на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт. Пролетниот џез концерт е во рамките на „Куманово – Град на културата во 2019 година“.

Општина Куманово и Бања Лука се збратимија

Градоначалникот Максим Димитриевски и Претседателот на Совет Атина Мургашанска, по повод ден на град беа во дводневна посета на општина Бања Лука.Градоначалник на општина Куманово и Градоначалник на  Бања Лука Игор Радојичиќ потпиша договор за збратимување на двата града. Овие градови веќе со години соработуваат во различни области.

По потпишувањето, градоначалникот на Општина Куманово искажа задоволство во врска со формализирањето на односите помеѓу двата града и во името на граѓаните на општина Куманово им го честиташе празникот на сите жители на Бања Лука.

-Во последните осум години нашите градови соработуваат интензивно на полето на култура и уметноста. Онаа што беше најбитно е што бевме едни до други во најтешките мигови, а тоа е во 2014 г. кога Бања Лука имаше големи проблеми со поплавите и во 2015 година кога Куманово имаше немили настани. Нашата соработка продолжува понатаму, разговаравме за можна соработка во областа на спортот, образованието и на поле на  бизнисот.

Градоначалникот Радојчиќ истакна дека соработка со Куманово е од големо значење за нивниот град.

Во досегашната соработка со Куманово се почуствува една искрена топлина и пријателство помеѓу нашите два града и онаа што секогаш можеме да го превземеме од нашите пријатели од Куманово е таа срдечност и топлина. Голема е среќата да се има уште еден ваков пријател – истакна градоначалникот Игор Радојичиќ.

Во Бања Лука, присуствуваа претставници од петнаесет градови од околината и регионот,  кои имаа можност да ја проследат богатата програма по повод празникот на градот.

Годишен концерт на КУД „Српски Вез“

Градоначалникот Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на годишниот концерт на „КУД Српски Вез“, кој се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ годинава одбележува 6 години постоење, а на целовечерниот концерт нивни гости беа  СКУД „Просвјета“ од Вуковар Република Хрватска и КУД „Симонида“.

„Српски Вез“ е културно уметничко друштво кое ја претставува српската култура и традиција во Македонија.