Велигденски концерт во црквата „Св. Никола“

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на општината и Фондација за култура и спорт на Општина Куманово, вечерва во црквата „Св.Никола“ се одржа Велигденски концерт во изведба на Византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“. Богатата програма на духувна музика е специјално посветена во чест на најголемиот христијански празник. На концертот присуствуваше Градоначалникот Максим Димитриевски, а насатанот е во рамки на годишната програма за културни манифестации на Општина Куманово.

Средба на градоначалникот Димитриевски со градоначалниците на Гњилане и Витина

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во просториите на Општина Куманово оствари работна средба со градоначалникот на Гњилане Љутфи Хазири и градоначалникот на Витина Сокол Халити. Целта на средбата беше размена на идеи за можно аплицирање за прекугранична програма помеѓу Косово и Северна Македонија.

Општина Гњилане и Општина Куманово веќе реализираа еден ваков проект – Реконструкција на второ ниво на зелениот пазар со еколошки и енергетски решенија, замена на азбестни плочи од кровна конструкција, замена на подни плочи и реконструкција на тоалети, а соработката на двете општини ќе продолжи и во иднина.

ООУ „Браќа Рибар“ го слави патрониот празник

По повод денот на училиштето „Браќа Рибар“, градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше на свечениот настан. Патронатот беше одбележан со пригодна програма, читање литературни творби, музички настапи на учениците и драмски изведби. На манифестацијата покрај бројните гости, присуствуваше и амбасадорката на Србија во Северна Македонија – Душанка Дивјак Томиќ. Училиштето постои од 1964 година, а во него се изучува настава на македонски, албански и српски јазик.

Балетска претстава „Либертанго„

Во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев„ се одржа балетската претстава „Либертанго„, која е дел од годишната програма за културни манифестации на општина Куманово. Многубројната публика преку „Либертанго „ можеше да ја види приказната која го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората,љубовта и привлекувањето во изведба на НУ Македонска опера и балет.

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на (ReLOaD)

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на (ReLOaD)

ОПШТИНА КУМАНОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јули 2020 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD се вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Општина Куманово и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  2. СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈА
  3. ТУРИЗАМ И КУЛТУРА
  4. МЛАДИНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD  (до јули 2020). 

Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од август 2019 до и заклучно со март 2020.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Јавниот повик ќе трае од 15.04.2019 (од 9:00 часот) до 27.05.2019 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово може да се обезбеди преку испраќање барање на следната адреса: 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово и/или на е-меил: info@kumanovo.gov.mk, coki.ristovski@kumanovo.gov.mk на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Куманово, улица: 11-ти Октомври бб. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kumanovo.gov.mk).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 17.04.2019 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории. Обуката ќе се одржи на 17.04, 18.04.2019 и 19.04 во општинските простории.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 20.05.2019, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Куманово

Улица: 11-ти Октомври бб

Поштенски број: 1300 Куманово

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kumanovo.gov.mk) и/или на општинската огласна табла.

Потребните документи можете да ги превземете ТУКА! 

Претставен проектот Културолошки Студии во Бизнис на Еразмус

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска присуствуваше и имаше свое обраќање на настанот Multiplier Event кој има за цел одблиску да го претстави проектот Културолошки Студии во Бизнис.

Еразмус програмата Културолошки Студии во Бизнис е формирана како зеднички проект на шест високообразовни институции од Европа, меѓу кои е и Еуро Колеџ – Куманово. Главна цел на проектот е создавање на иновативна програма од областа на економијата и бизнисот во која ќе бидат опфатени новите сознанија за природата на глобалната економија, односно нов пристап кон решавањето на глобалните економски и еколошки кризи со колективен пристап.

ЈАВЕН ОГЛАС- ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИЈА

ЈАВЕН ОГЛАС- ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА ЕКСКУРЗИЈА

1.НАБАВУВАЧ

  ООУ”11 Октомври”од Куманово ул”Тодор Велков” б.б. Куманово -1300  ; email: oou11oktomvrikumanovo@gmail.com

Лице за контакт: Елизабета К. Костиќ – директор 031/424-235

Дополнителни информации , Програмите за екскурзиите  и Образецот  на Понуда може да се добијат од 08,00 часот до 15,00 часот на горната адреса

2.ПОНУДУВАЧИ

Минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот се:

  1. Да е регистриран согласно позитивните прописи во РМ за вршење на соодветна туристичка дејност;
  2. Да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии во последните 3 години
  3. Да ги исполнува условите за превоз на групa деца согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца;
  4. На денот на потпишување на договорот избраниот понудувач доставува банкарска гаранција за квалитетно изведување на екскурзијата во висина од 5% од вкупна вредност на договорот.

5.Агенцијата да обезбеди лиценциран туристички водич и лекар.

Понудата која не ги исполнува минималните услови ќе биде одбиена од страна на Комисијата како неприфатлива.

  1. ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ ПОНУДУВАЧОТ

– Документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на туристичка дејност,согласно позитивни прописи на РМ,

-Договори- референтна листа и  потврди на понудувачот дека во последните 3 години има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии;

-Документ за превоз на група деца,согласно Законот за безбедност на саобраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групa деца.

-Документите не смеат да бидат постари од 6 месеци , а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот;

– Описот на услугата ќе биде наведен во образец понуда, која треба понудувачот да ја подигне од училиштето заедно со програмите од училиштето.

-Лиценца за туристички водич и лекар.

  1. ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

предмет на набавката е  делив и тоа :

  1. Изведување на тридневна екскурзија низ Македонија за ученици од IX одделение од 08 до 10 мај 2019 г.
  2. Изведување на дводневна екскурзија низ Македонија за ученици од VI одделение од  29 до 30 мај 2019 г.
  3. Изведување тридневна настава во природа во Охрид за ученици од V одделение од 08 до 10 мај 2019 г.
  4. Изведување на еднодневна екскурзија во Дојран за ученици од III одделение на 21 мај 2019 г.

5.Вид на договор : Услуги со одложено плаќање и други поволности( попусти за второ дете и гратиси за деца од социјално загрозени семејства).

  1. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Најниска  цена по ученик

  1. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

– Понудите треба да се доставуваат  во рок од 5 работни  дена од последното објавување во двата весника во архива  на училиштето на адреса ООУ ”11 Октомври”од Куманово ул”Тодор Велков” б.б  Куманово-1300.

– Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај”, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Доколку сите плика не се запечатени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата.

– Период на важноста на понудите: до 10.06.2019 година

Отварање на понудите ќе биде спроведено од страна на Комисијата за изведување на екскурзија.

Комисија за јавна набавка

изведување на екскурзија

 

Посета на учениците од  ООУ „Магдалена Антова„ на општина Куманово

Денеска во посета на општина Куманово, беа учениците од општинското основното училиште „Магдалена Антова„. Целта на посетата е запознавање со работата на Градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација, како дел од наставната програма за четврто одделение. Градоначалникот Максим Димитриевски срдечно ги пречека учениците на кои им ги објасни своите работни задачи и обврски.