Одржана прва сесија во рамките на проектот „Регионалниот форум во заедницата„

Во организација на Центарот на североисточен плански регион,а со поддршка на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа  во Куманово се одржа прва форумска сесија во рамките на програмата„Регионалниот форум  во заедницата„.Целта на форумот е партиципативно вклучување на граѓаните во процесите на креирање на политиките и одлуките на регионално ниво. Голем број на заинтересирани  граѓани, граѓански организации, претставници од бизнис заедницата и од институциите од шестте општини од регион, се запознаа со форумскиот процес и критериумите за избор на проекти. Но, исто така ги утврдија  регионалните проблеми, за кои дефинираа предлози за нивно решавање во рамките на четрите теми утврдени со грантовата шема: туризам, животна средина, бизнис инфраструктура и социјална инклузија. На оваа прва форумска сесија беа утврдени седум  предлог решенија – концепти согласно критериумите на грантовата шема дефинирани со проектот ,,Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој,,  и тоа:

Концепт 1: Уредување на Бислимска клисура (изградба на енергетски ефиксен објект за развој на рурален туризам во Бислим);Концепт 2:  Инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО  ПОКЛОНЕНИЕ ;Концепт 3: Поставување на урбана опрема на туристички локалитет  Спомен костурница ;Концепт 4:  Изградба на пристапна   инфраструктура -пешачки  патеки и рехабилитација на постојни до природни реткости – атрактивни туристички локалитети,  уредување со урбана  опрема и патокази и инфо табли во СИПР (Станечки водопади, локалитет Куклица и др.);Концепт 5:  Доградба на дополнителен сместувачки капацитет во регионалниот дом за стари лица во Куманово;Концепт 6:  Инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР);Концепт 7:  Изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети – објекти  во регионот согласно стратегијата на СИПР;

Втората форумска сесија ќе се одржи на 1-ви Март 2019 година, со почеток во 12 часот во ресторан Грација во Куманово, а сите сесии ќе бидат спроведени до 15 март оваа година.

 

 

Поставени нови куќички за продажба на цвеќе

Денеска Градоначалникот Макисм Димитриевски и Директорот на ЈП „Пазаришта„Илир Саити пред новинарите ги промовираа новопоставените дрвени куќички (тезги) за продажба на цвеќе на Зелениот пазар.

 

 

Крак од улица „Моша Пијаде„ ќе стане пешачка патека

По иницијатива на Советот на Општина Куманово,Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата  изготви проектна документација и основен сообраќаен проект со позитивна ревизија за крак од улица „Моша Пијаде„. По добиена согласност за трајна измена на режим на сообраќај од СВР Куманово, изготвено е решение за трајна измена на сообраќаен режим согласно детален урбанистички план за тој дел од градот, каде што е дефинирано дека крак од улица  „Моша Пијаде„ е пешачка патека. Во претходните денови на горенаведениот дел е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во следните денови патеката ќе биде затворена за сообраќај и со физички препреки (метални столбчиња). Целта е пешачката патека  да профункционира во целост, без притоа  да има движење од моторни возила на истата.

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ во посета на Општина Кумамново

Учениците од трето одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ денеска ја посетија Општина Куманово. Целта на посетата беше запознавање со работата на градоначалникот, Советот на Општина Куманово, секретарот на општината и на локалната самоуправа.

Oпштина Куманово потпиша меморандум за соработка за проектот Иницијатива за прекугранична културна размена

Денеска Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со шест општини и осум национални институции во Македонија и Косово.

Соработката се одвива во рамки на проектот Иницијатива за прекугранична културна размена МАКС ФОРУМ, финансиран од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Македонија и Косово.

Во Македонија проектот го строведува организацијата Институт Балкан про Европа.

„Зимски фудбалски радости“ за учениците од второ до петто одделение

Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска присуствуваше на фудбалските натпревари организирани за ученици од второ до петто одделение во рамки на проектот „Зимски фудбалски радости“.

Натпреварите се одржуваат два дена во салата на ООУ „Христијан Карпош“, а се организирани од страна на Фудбалска Федерација на Македонија, Федерација на училишен спорт на Македонија и Општински сојуз на училишен спорт на Куманово.

ЈП „Куманово-План” Куманово

Денеска официјално започна со работа Јавното претпријатие за изработка на просторни и урбанистички планови„Куманово –План„Куманово.
Одлуката за формирање на оваа претпријатие, која ја донесе Советот на Општина Куманово, а по иницијатива на Градоначалникот Максим Димитриевски е позитивен исчекор кој ќе придонесе за современо просторно и урбанистичко уредување на градот. Со формирање на оваа претпријатие, општината ќе го превземе во надлежност планирањето на урбаното уредување на просторот во градот, што претставува пример за суштинско имплементирање на децентрализацијата во овој сегмент.

Во ЈП „Куманово-План” Куманово работи стручен тим од единаесет луѓе сместени во центарот на градот (зградата на Катастар – ул. „Гоце Делчев„).
ВД Директор на оваа претпријатие е Горан Митевски – поранешен градски архитект.

Oфицијална E-mail адреса – kumanovoplan@gmail.com.
Сите заинтересирани граѓани можат да добијат информации на веб страна :   http://kumanovoplan.gov.mk или на контакт телефон  031 438 615.

Седумдесет и пет години од загинувањето на Карпош

Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски со претставници на општинска администрација положи цвеќе на бистата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, по повод седумдесет и пет години од неговата смрт. Пред бистата на херојот во дворот на неговата Спомен куќа, се одржа и пригодна програма со рецитирање на песни од страна на учениците од основното училиште кое го носи неговото име.

Одржана првата седница на Комисијата за односи меѓу заедниците

Одржана првата седница на Комисијата за односи меѓу заедниците

Комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на Општина Куманово ја одржа својата прва седница. Комисијата е составена е од 12 члена на надворешни соработници од различни националности, а на дневниот ред на истата единствена точка беше избор на претседател на комисијата.

За претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците е избрана Тања Крстевска – референт за човечки ресурси, вработена во ЈП „Чистота и зеленило“.

Комисијата за односи меѓу заедниците има за цел заштита на правата на етничките зедници кои живеат во малцинство. Комисијата исто така со своето функционирање ја потврдува транспарентноста на Советот на општината

„Карпошова вечер“ одржана во Занатски Дом

Градоначалникот Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на одбележувањето на 75 годишнината од загинувањето на Народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

Настанот „Карпошова вечер“ се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – Куманово.