Оглас за прибирање на понуди – ОСТУ „Наце Буѓони“– Екскурзија

Оглас за прибирање на понуди – ОСТУ „Наце Буѓони“– Екскурзија

Согласно Правилникот за начинот на изведување на ученички екскурзии на учениците од средните училишта, ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово објавува

 ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

за организирање на завршна екскурзија за учебната 2018/2019година за :

1.Опис на услуга

-организирање на завршна екскурзија на ученици од трета година кои учат на македонски наставен јазик во државите во Европа согласно програмата за период од 6 (шест) дена во месец мај 2019 година со 4 (четири) ноќевања во хотел со 3* и 4 * со појадок и вечера.

-ученици кои следат настава на албански  наставен јазик од втора и трета година согласно програмата за период од 5 (пет) дена во месец април, на релација Куманово – Истанбул преку Грција со 3 ( три) ноќевања во хотел со 3* и 4 * со појадок и вечера.

Детален опис на услугата е даден во документација со инструкции за понудувачите и Програма за завршна екскурзија која може да се подогне од архива на училиштето секој работен ден од 08-14 часот.

2.Минимални услови кои треба да ги исполнат понудувачите се: :

– да е регистриран согласно позитивните прописи во Република Македонија за вршење на соодветна туристичка дејност.

– да има успешно реализирани најмалку 3 ученички екскурзии и други слободни активности во последните 3 години.

– да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за

безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички

барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.

3.Понудата треба да ги содржи следниве документи:

-документи како доказ за исполнување на минимални услови

-програма за реализирање на екскурзијата

-пополнет образец на понуда

-изјава за сериозност на понуда

4.Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен , на денот на потпишување на договорот со училиштето треба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната проценета вредност на договорот.

5.Огласот трае пет работни дена сметано од денот на објавување.

  1. Понудите да се достават во архива на ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово или на адреса ул.Бајрам Шабани бб 1300 Куманово со назнака  „За Комисија за прибирање на понуди за екскурзија“

 

 

                                                                                                ОСТУ„Наце Буѓони“

                                                                                                     Куманово

„Спомен Костурница и Занаетчиски Дом“ е сувенир на Општина Куманово за 2019 година

На конкурсот кој по трет пат беше распишан од Општина Куманово за избор на сувенир на градот, годинава од страна на комисијата која за таа цел беше формирана од општината, беше избран сувенирот „Спомен Костурница и Занаетчиски Дом“.

Сувенирот ги содржи елементите на препознатливост и ја отсликува традицијата и културно – историските, духовни  и материјални богатства на Куманово. Сувенирот Спомен Костурница и Занаетчиски Дом е дело на Јелена Спасовски од Куманово.

 

 

Општина Куманово доби донација – возило за потребите на лицата со попреченост

Денеска во Општина Куманово беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило за превоз на лица со попреченост. Општина Куманово донацијата ја доби од меѓународната хуманитарна организација Humanity First Deutschland. Возилото ќе биде ставено во служба на учениците со попреченост кои посетуваат настава во училиштата во градот.

Претходно, Градоначалникот Максим Димитриевски одржа средба со Абдулах Вагусхаузер претставник на Humanity Firt и организацијата Ахмадија и други високи претставници на организацијата донатор, на која, ја искористи можноста да се заблагодари за хуманиот гест и ја истакна важноста на овој вид помош за Куманово.

 

 

Одбележан празникот Богојавление – Водици

По повод празникот Богојавление – Водици, денеска Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на Затворениот градски базен каде се фрлаше светиот крст. На најсреќниот градоначалникот му посака многу здравје и успех и му врачи подарок од локалната самоуправа. Претходно на Градскиот кеј спортските риболивци го прославија празникот на водите, каде исто така присуствуваше градоначалникот Димитриевски. Денеска по повод големиот христијански празник Водици се одржа и традиционална манифестација „Пивтијада„.Настанот е во организација на Мултимедијален центар „Карпино„, а со подршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Со послужување на пивтии и предавање на кумството за наредната година, Мултимедијален центар „Карпино„,веќе по осумнаесети пат ја организира оваа манифестација.

Започнаа активности за поставувањето на катна гаража во центарот на градот

Ги информираме граѓаните на Општина Куманово, дека од денеска започнаа припремни изведбени активности за монтажа на катна гаража пред  Дом на култура „Трајко Прокопиев„. Монатажата е предвидено да трае до крајот на месец февруари кога се планира и пуштање во употреба. Поради активности за монтирање на паркиралиштето, паркирање на оваа површина во центарот на градот нема да биде возможно до почетокот на месец март.

Одбележување на 75 години од битката во Пелинце

По повод 75 години од битката восело Пелинце, денеска  делегација од Општина Куманово, предводена од секретарот Десанка Стошевска положи цвеќе на споменикот од Народноослободителна борба во оваа место.  Тука загинаа  Ангел Лазаревски Шајче и Трифун Ангеловски Летеќи, борци на Кумановскиот одред. Почит пред споменикот оддадоа и претставници на борците, семејството Лазаревски, Советници од Советот , Претставници од АРМ, Градоначалник на Старо Нагоричане, како и претставници од Градинката „Ангел Шајче„ предводени од директорот.

Интензивно се чистат улиците од снег

И денеска екипите од фирмите  кои се задолжени за зимско одржување на улиците во градот,интензивно работат на терен. Досега  сите патишта се проодни, освен на одредени места каде има навеви од снег. Улиците се чистат по приоритет,согласно програмата и досега се фрлени околу осумдесет тони сол. Апелираме до сите граѓани да ги исчистат местата пред нивните домови , а сопствениците на дуќаните да постапат согласно законот и да го расчистат снегот пред нивните објекти. Исто така апелираме до граѓаните за помало користење на моторни возила, и нивно поместување од главните сообраќајници како би можело непречено да се исчистат снежните наноси. Службите за чистење ќе работат деноноќно, а во случај на поголеми наноси од снег и непроодност на патиштата, за пријавување Општина Куманово има дежурен телефон  078 365 061. Исто така денеска и  ЈП „Чистота и зеленило„ организираше акција за расчистување на најфрекфентните локации во централното гратско подрачје.Ги молиме граѓаните за разбирање бидејќи чистењето се одвива по однапред дефиниран план и приоритет.

 

Се чистат улиците од снег

И денеска екипите од фирмите  кои се задолжени за зимско одржување на улиците во градот,интензивно работат на терен. Досега  сите патишта се проодни, освен на одредени места каде има навеви од снег. Улиците се чистат по приоритет,согласно програмата и досега се фрлени околу осумдесет тони сол. Апелираме до сите граѓани да ги исчистат местата пред нивните домови , а сопствениците на дуќаните да постапат согласно законот и да го расчистат снегот пред нивните објекти. Во случај на поголеми наноси од снег и непроодност на патиштата, за пријавување Општина Куманово има дежурен телефон  078 365 061. Исто така денеска и  ЈП „Чистота и зеленило„ организираше акција за расчистување на најфрекфентните локации во централното гратско подрачје.

Јавна покана за поднесување на даночна пријава

Јавна покана за поднесување на даночна пријава

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноците на имот имот Законот за даноците на („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15 и 23/16) и член 3 став 1 точка 1 од Законот за комуналните такси („Сл. весник на РМ„ бр. 61/04, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15 и 23/16), Општината Куманово истакнува;

Ј А В Н А П О К А Н А

За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2019 година и поднесување на пријава за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за 2019 година.
Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2019 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:

1. Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2018 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)
2. Имотот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).
3. Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.)
4. Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во период од 1994 до 2018 година не поднеле даночна пријава за утврдување на данок на имот.
Даночна пријава се поднесува до Општината Куманово – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2019 година.
Напомена: Даночниот обврзник кој поднел даночна пријава за период од 1994 до 2018 година а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот не поднесува даночна пријава.
Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по оваа ЈАВНА ПОКАНА, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.
Пријавата за утврдување на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица поднесуваат таксените обврзници (самостојни вршители на дејност и правните лица) и тоа за:
1. Регистрирана фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица за обавување на соодветна дејност кои досега немаат поднесено пријава до надлежниот орган за утврдување на обврската по основ на комунална такса.
2. Таксените обврзници кои имаат поднесено пријава за утврдување на обврската по основ на комунална такса за фирма (назив) на деловна просторија односно деловна единица кај кои во досегашниот период постојат промени.

Сектор за даноци и такси
ОПШТИНА КУМАНОВО