По повод јубилејот – 70 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“, денеска пред бистата на Крсте Мисирков свежо цвеќе положи Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација.
По повод јубилејот – 70 години постоење на ООУ „Крсте Мисирков“, денеска пред бистата на Крсте Мисирков свежо цвеќе положи Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска и претставници на општинската администрација.
Како мерка за намалување на загаденоста на воздухот, Општина Куманво од вечерва започна со аеросолизација. Методата на аеросолно запрашување се одвиваше во централното градско подрачје на улиците: „ГоцеДелчев“, „Илинденска“, „Народнареволуција“ и „Октомврискареволуција“, кадеконцентрацијатана ПМ10 честичките е најголема. Аеросолизацијата во Куманово која се спроведуваше во февруари и март годинава, имаше позитивни резултати во намалувањето на загадувањето.
Градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со претседателот на Совет на општината Атина Мургашанска и директорот на ЈП „Чистота и Зеленило„ Даниел Сојчевски, днеска засадија садници на две локации и тоа на улица „Тоде Мендол„ и на улица „100„ во населба Карпош. Оваа акција е дел од програмата за озеленување на јавни површини и заштита на животната средина на јавното претпријатие, а денеска ќе бидат засадени вкуно 150 садници. Градоначалникот истакна дека општината ги превзема сите мерки што се во нејзина надлежност за намалување на загаденоста на воздухот и апелираше до граѓаните да се грижат за животната средина, со што ќе имаме и почист воздухот, особено во овој период од годината.
Советниците од советот на Општиана Куманово присисуствуваат на обуката за Транспарентност и отчетност во работата на општиснките совети, облици на месна самоуправа, интегритет и етика во работата на истите. Оваа е трета по ред обука на која преку интерактивна работа во групи советниците разговараат и осознаваат за начините за зголемување на транспарентноста на советот, важноста од употреба на законот за слободен пристап на информации од јавен карактер и изработка на акционен план за подобрување на транспарентноста.
Јавното претпријатие “Чистота и Зеленило” од вечерва започна со акција за миење на улиците во централно градско подрачје.Оваа е една од мерките за намалување на загаденостна на воздухот.Ваквата превентивна акција ќе продолжи и во наредниот период.
Вечерва во Дом на култура „Трајко Прокопиев“ под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во реализација на Светската академија за карпеста уметност, беше отворена изложбата „Карпестата уметност во Македонија“ од Душко Алексовски. Пред присутните се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски.
Денеска градоначалникот Максим Димитриевски имаше свое обраќање на работен состанок со Единиците на локалната самоуправа за имплементирање на национална стратегија за спречување на насилен екстремизам и Акцискиот план,кои се одржа во ресторан „Грација„. Состанокот е организиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а во соработка со Националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и Министерство за внатрешни работи. Целтта на средбата е дискусија за предизвиците и предностите во имплементација на Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам и Акцискиот план како и улогата на Локалните совети за превенција во спречување на оваа појава.
Денеска Раководителот на Сектор за Инспекциски надзор- Инспекторат Бобан Бојковски на прес конференција ги претстави мерките кои општина Куманово ќе ги превземе за намалување на загаденоста на воздухот. Од утре општината започнува со метода на аеросолизација на улиците, засилени контроли заедно со секторот за внатрешни работи, почесто миење на улиците и едукативна кампања со видео спотови. Апелираме до сите граѓани да ја чуваат животната средина, а доколку имаат материјали, (видео,слики) во врска со загадување на животната средина, може да ги испраќаат на официјалниот mail на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат на Општина Куманово- inspekcija@kumanovo.gov.mk.
Предмет: Објава на јавен повик за избор на консултант за изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина Куманово за период 2019-2024г.
Полиња на интервенција (приоритети):
Опис на задачата
За време на реализација за изработка на Стратегија за локален економски Развој за Општина Куманово консултантот со работниот тим има за задача да ги води сите процеси при изработка на Стратегија за локален економски развој, изработка на драфт верзија на стратегијата, водење на јавна дебата за стартегијата и подготовка на финалната верзија на самата стратегија. Консултантот треба да биде достапен во сите фази на подготовка, испорака на обуки и иработка на стратешкиот документ.
Очекувани резултати
Потребно образование и работни компетенции на консултантот
-Образование – магистратура по општествените науки;
– најмалку 8 години професионално искуство;
– работа на национални, општински или организациски стратегии.
Локација и времетраење
Имплементација на стратегијата за локален економски развој (ЛЕР) започнува веднаш по изборот на консултантот и е превидено до крајот на декември да се заврши стратешкиот документ.
Сите настани ќе се одвиват во Куманово.
Јавниот повик важи пет работни дена од денот на објава на повикот .
Потребна документација
Уверение за завршено стручно образование
Кратка биографија -CV на македонски јазук
Дипломи и сертификати од областа на повикот
Критериуми за избор:
Квалификации и вештини: 30 поени;
Општо професионално искуство: 30 поени;
Специфично професионално искуство: 40 поени.
Изборот на консултант согласно наведените критериуми ќе се врши од страна на Комисија за избор на консултант за изработка на стратегија за локален економски развој на општина Куманово за период 2019-2024 година, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Куманово.
Лицата кои ќе аплицираат сите потребни документи ќе треба да ги стават во затворено плико со ознака да не се отвара и да се назначи повикот за кој аплицираат. Пликото да се достави на следна адреса 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово или на слдниот линк: info@kumanovo.gov.mk
Контакт лице:Ахмет Јашаровски 070 541 535, Билјана Николовска 070 613 000
Одделение за стратешко планирање, следење и локален економски развој
Општина Куманово