Полагање на цвеќе на Спомен Костурница

На Спомен Костурница , споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна, денеска во Куманово беше одбележан 11 Ноември-Денот на ослободување на градот. Борците, Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставници на МВР и АРМ bројни делегации кои се во градот по повод празникот на Куманово, претставници на локалната самоуправа, политички партии, јавни установи и претпријатија, здруженија на граѓани, како и претставници од невладиниот сектор се поклонија и положија цвеќе на споменикот.

Ликовна изложба ,,Кумановски ликовни уметници”

Во рамки на прославата на Ден на Град ,,11 Ноември”, Градоначалникот Максим Димитриевски и гости од делегациите кои пристигнаа по тој повод, ја посетија кумановската Галерија во која беа изложени делата на кумановските ликовни уметници од  ликовната колонија ,,Куманово 2018’’.

 

Свечен прием на делегации во Занатски Дом

Делегациите кои се во Општина Куманово по повод прославата на празникот на нашиот град, присуствуваа на свеченост во просториите на Занатски Дом. Градоначалникот Димитриевски размени подароци со претставниците на општините Бјелина, Нови Сад, Бања Лука, Кампина, Чепеларе, Чорл и Кампина. Меѓу присутните беа амбасадорите на Србија,Босна и Херцеговина и Романија. Во рамки на свеченоста,врз основа на заеднички изградениот интерес за продолжување на пријателските односи Градоначалникот Мкасим Димитриевски и Претседателот на Советот на град Нови Сад Здравко Јелушиќ потпишаа писмо со намери за воспоставување на соработка помеѓу град Нови Сад и Општина Куманово.

 

Претставени делата од ,,Карпино 2018”

Денеска впо рамки на прославата на Ден на гард ,,11 Ноември” во НУКЦ ,,Трајко Прокопиев” беа изложени делата од ликовната колонија ,,Карпино ”. Изложбата ја отвори Градоначалникот Максим Димитриевски, а присуствуваа гости од делегациите кои се во градот, по повод празникот на градот.